Home Live Слаткар имал многу тешко детство, искрено раскажа што најмногу го боли и...

Слаткар имал многу тешко детство, искрено раскажа што најмногу го боли и денес

За Марко Маринковиќ- Слаткаристка е феномен откако се појави на македонската музичка сцена, објави Женски магазин во една прилика. Рапува од срце, раскажува без цензура, пц уе гласно и критикува без страв.

Околу Марко Маринковиќ- Слаткар за брзо време се создаде еуфорија. Го обожаваат тинејџерите, а сега веќе им стана симпатија и на нивните родители.

Од пред девет години, Слаткаристика е среќно женет човек, со неговата соработничка, поранешна Мис на Македонија Сања Николиќ.

На неговата Сања, тој и ја посвети песната „Кажи да“. Со неа ја побара за жена, а го изиграа и првиот танц на свадбата. Сега веќе се родители на Моша, кој има две години.

– Инспирација е секојдневието и може да настане од најмала глупост, до длабока мисла или чуство.

Порано беше многу важно да го живееш тоа што го пишуваш, но со текот на годините се повеќе мислам дека се е работа. Најчесто пишувам во мир, а тоа е увек после 2 сабајле.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме. Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.

Најчесто сум јас тој што утињам, а она е секогаш во право. А каранците се за далечинското дека не е на место, дека светлото не е угасено, или вратата од соба не е затворена. Тоа значи дека неколку дена по ред јас ќе фрлам ѓубре“, изјави за сопругата Марко.

-Порано беше многу важно да го живееш тоа што го пишуваш, но со текот на годините се повеќе мислам дека се е работа.

Најчесто пишувам во мир, а тоа е увек после 2 сабајле“, рече Слаткар, но додаде и своја говорна маана, која не му се познава кога рапува.

Претходно не ме викаа толку да гостувам поради тоа што се плашеа да не пцу-јам у сред разговор. Ваљда сум сега повозрасен и попристоен. А тој феномен се вика ритам. Кога има бит, за мене нема стоп“, рече Слаткар.

Човекот кога ќе се ожени се расипува, ама јас сум расипан уште пред да се оженам, вели Марко Маринковиќ- Слаткаристика.

Оваа негова изјава е една од најинтересните во кариерата. Му ја даде на Жаре кога гостуваше во Еден на Еден, во Сезона 9, додека читаше зл-обни коментари за него, како одговор на еден од нив кој вели дека Слаткар е доказ дека човек се расипува откако ќе се ожени.

Уште еден од коментарите тогаш, се однесуваа на песната „Кажи да“, со која Слаткар ја побара за жена Сања Николиќ, а со снимките од свадбата направи спот за неа. „Со Криско да направеше свадба ќе имаше 7 милиони“, вели коментарот мислејќи на бројот на прегледи.

Тој во Женски магазин ја искоментира неговата песна „Да полетам“ за која рече дека е автобиграфска приказна.

„Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее. За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот упокоен татко.

За се она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече тој. Слаткар и во Бекстејџ ја раскажа приказната која е слична на оваа , но неколку години потоа.

– Моја лична е главно песната „Да полетам“, таа песна највише ме опишува. И едноставно, таа храброст што сум ја имал да го кажам тоа на тие години, едноставно никој немал храброст да го каже, највише ми стои, се уште.

Без оглед дали неоја друга песна е поголем хит во моментот, таа песна буди најмногу емоции кај симет луѓе кои се дојдени на концерт, и кај мене. Така да, таа песна ми е некоја моја лична карта“, рече Марко Слаткар во Бекстејџ.

Инаку, ако ги послушаме стиховите на оваа песна, тие одат вака: Горд сум на успехот, чале ми е домец. Немал ни мајка ни татко, рамо за плачење, совет. Поштен ко пошта, така не се станува човек.

Ми овозможи мастило, Бог дарба да бидам поет „Сине, не се нервирај, ќе биде подобро“ Го прашувам „кога“, ќути не го знае одговорот. Понекогаш сум среќен за мојот топол дом. Со Че го имаме она што никогаш го немал он. Веќе година дена фурам иста патика

Дупка на ѓонот, пропушта вода, станува навика. Некад се дешава дома нема ни за храна Четири хиени pжат, сама жена плаче мама“.

Previous articleЗоран Ванев се врати во Македонија, ја покажа лукзузната куќа со базен во Штип, се гледа дека доста вложил во неа (ФОТО)
Next articleНе се знаe дали е поубава сега или кога била помлада, Билјана Дебарлиева објави ретко слика, ептен ги изненади пријателите (ФОТО)