Home Live Борче зема плата од 15.194 денари, а на народот му помогнал со...

Борче зема плата од 15.194 денари, а на народот му помогнал со повеќе 247 илјади евра со донирање- ја откри целата математика на „тацна“

Донирај компјутер е непрофитерска невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз.

Веќе 6 години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија.

Малку по малку, Борче Стаменов од Кавадрци коиј од срце донираше копјутери на социјално загрозени семејства и за оние што не можат да си ги дозволат, стаса до бројката, речиси 1.800.

Борче има усреќено 1.800 семејства, со помош на донации од пријатели, а во последно време во оваа инцијатива се вкулчија и компании, и поединци.

Кога стаса до бројката 200 тој не планираше дека еден ден ќе има многу повеќе од тоа. тој тогаш ја објави следната статистика: 200 донирани компјутери;

– Ако се земе дека пазарната вредност на овие 200 компјутери комплет со екран, тастатура и глувче е околу 3.000 денари, тогаш е донирана опрема во вредност од околу 600.000 денари;

– Потрошени повеќе од 400 работни часа за средување, што во парична вредност би било околу 250.000 денари;

– За проверка и контрола на исправност се донесени околу 400 компјутери, потрошени се околу 200 работни часа, што во паричен износ би било околу 60.000 денари;

– Потрошен занемарлив износ за плаќање карго онаму каде што имало потреба;

– Отпадот прописно одложуван во Нула отпад за да се заштити околината од електронскиот отпад“, објасни тогаш Борче. Се случува со денови да не може глава да крене од работиа, но тој никогаш не се откажува. Во еден од своите најнови статуси тој вели:

Плус работам помалку ама постигнувам повеќе. Ете, тоа ме научи #ДонирајКомпјутер. Порано сум заглавувал на работа и по сто саати.

Тие шо ме знаат, знаат дека буквално сум спиел во канцеларија. Не дека сум бил лош работник, тука затоа шо не сум се организирал исправно.

Сега, точно знам кои се моите обврски на работа и во иницијативата што ја работам. Сум знаел да ветам на 100 души дека ќе завршиме работа и заради тоа да останам повеќе. Јас бев човек кој ако рече дека нешто ќе сработи, истото ќе го заврши па макар тоа го чинело време и нерви.

И сеа сум ист ама разликата е шо последните 5 години од кога ја работам иницијативата сум организиран како “швајцарски саат”. Ако приметам дека немам време доволно, одложувам за утре.

Со тоа и клиентите се позадоволни, а исто и јас. Оваа иницијатива буквално ми го среди животот. Шо викаше еден пријател: ред, рад и дисциплина. На работа во последните 5 години иам останато саат-два плус не повеќе од еднаш или два пати.

Тоа ми даде повеќе време за себе и луѓето околу мене. Веќе и не ми се случува да заборавам нешто. Добро влегувам у кујна коа ми се мо-ча и се чудам шо барам у кујна ама тоа не се рачуна за работна обврска.

Мозокот ми е истрениран да се снаоѓа и во најголем “неред”. Нормално, како што имам напоменато повеќе пати, работните обврски секогаш ги ставам на прво место. Имало случаи кога ќе ме прашаат за нешто кое требало да се сработи до петок, мене да ми е завршено во вторник.

И затоа викам, работам помалку ама постигнувам повеќе. Организација другови, тоа е клучот на успехот“, рече Борче. Тој инаку работи во компјутерска фирма во Кавадарци, а донациите ги создава после работа.

– Донирај компјутер“ се роди сосема случајно. Немав никаква намера да прерасне во ова што е денес. Стана позната иницијатива и надвор од границите на Македонија.

Компанијата каде сум вработен 21 година, Бидат Информатика, има доста клиенти кои го користат нашиот книговодствен систем.

Тие клиенти кога им застаруваше опремата, по набавката на нова, старите ги оставаа кај нас. За почеток ги давав на практикантите кои доаѓаа кај нас на практична обука за да можат да вежбаат на нив.

Мислам дека секој филантроп или хуманитарец се сеќава на моментот кога кај него се разгорела таа идеја или желба да се помогне некому. Кај мене тоа се случи на работа кога дојде една самохрана мајка на три дечиња и побара дали случајно имаме половен компјутер за нејзините деца.

Средив една подобра машина, мислам дека и некоја игричка инсталирав и го однесов до нивниот дом. Среќата во очите беше онаа искра која и ден денес ме води. Тоа воедно беше првата и последната донација која лично ја однесов.

Ме потресе таа слика. По природа сум доста емотивен и знам како е да се живее во такви услови.

Наредните донации ги праќав по карго. Оние кои беа од Кавадарци и лично ги подигаа ми беа исто така многу стресни моменти. Од тогаш си зададов цел да помогнам колку што можам со знаењето кое го имам на што е можно поголем број на семејства.

Сакав секое дете, ученик или студент да има приближно еднакви услови за подобро и поквалитетно образование како неговите врсници“, изјави тој во една прилика за Црно бело.

Борче во својот нов статус, отворено, што се вели на „тацна“ ја откри целата математика за донирањето компјутери, храна и облека, за тоа колку потрошиле тој и неговото здружение, колку донирале и колку плата зема.

– Лани на овој ден сме го подариле 990иот компјутер. Понеделник ќе ја завршиме сезоната со бројчето 1800. Тоа се 810 подарени компјутери за една година. Или скоро по 3 на ден.

Или ако извадиш неработни денови со празници излегува некаде дека на ден сме ипраќале по 5-6 компјутери. Следнава статистика ја обожавам. Ако почнеме од почеток, 1800 компјутери со монитор, тастатура и глувче по некоја средна вредност се околу 180.000 евра или 11.160.000 денари.

Ако земеме дека нормална испорака на ваков пакет е околу 150 денари, тоа иде некаде околу 4.355 евра или 270.000 денари. Ако на ова додадете време за дијагноза, поправање, инсталација и пакување, шо по други фирми чини 1200 денари, доаѓаме до некоја сума од 34.838 евра или 2.160.000 денари.

Попат имавме и други донации (храна, облека) кои во парични средства се некаде околу 2.000 евра или 124.000 денари. Ќе ги стаам тука и платите за нас тројца, кои не ги добиваме ама нека ги има чисто ради статистика.

Ја земам минималната од 15.194 денари и тоа за последниве 3 години откако пораснавме и тоа би било некаде околу 26.466 евра или 1.640.952 денари.

Со ова излегува дека сме донирале добра во износ од околу 247.659 евра или 15.354.858 денари. Колку потрошивме ние? Па веќе знаете, ич!“, напиша Борче.

Previous articleВанковска објави дека одлучила да ја блокира Колозова, Катерина и одговори: Ми го повpeдуваше детето и семејството
Next articleПроф. Даниловски објасни што значи „хибриден“ имунитет и ги смири граѓаните кои се соочуваат со вирусот деновиве