Home Live Еве што зборуваше за Македонија Митко Апостоловски пред да се упокои, голема...

Еве што зборуваше за Македонија Митко Апостоловски пред да се упокои, голема патриотска реплика на славниот актер која секогаш ќе се памети

Денеска, на 67 годишна возраст во Битола се упкои познатиот актер Митко С. Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец“, објавиbitolanews.mk

Театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира. Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.

Апостол0вски работи во Народниот театар во Битола работи (1973 – 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.

Апостоловски ги одиграл театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)… Тој во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…

Бил глумец во филмовите “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други. Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“

Во познатиот филм „Трето полувреме“, Митко ја играше една од главните улоги, а тоа е онаа не тренерот Димитрија, кој раководи со фудбалскиот тим, во кој игра Сашко Коцев, кој го глумеше Коста.

Инаку, филмот на Дарко Митревски е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на Бугарската оку пац ија во Втората светска вој на. Главните улоги во филмот, осне Сашко Коцев и Митко Апостоловски ги играат:

Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостолски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски.

Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година, а снимањето завршило на 27 октомври 2011 година.Премиерата на филмот била на 15 септември 2012 година во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот — фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот — Втората светска вој на.

Тоа е приказна за играчите на ФК „Македонија“ и нивниот германско- евр ејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампиони. И најпосле — ова е приказна за фудбалот — игра што во тие времиња е повеќе од игра.

Еден ден, во Скопје доаѓа познатиот германски фудбалски тренер Рудолф Шпиц, кој се согласува да го тренира тимот. Тој им наметнува на играчите строга дисциплина, која тие на почетокот не ја прифаќаат, но подоцна, кога тимот започнува да реди успеси, сите ги прифаќаат неговите методи на работа.

Благодарение на тоа, ФК „Македонија“ доаѓа во ситуација да се бори за шампионската титула. Пред решавачкиот натпревар за првото место, бугарската вој ска го открива евр ејското потекло на Шпиц и му забранува да присуствува на натпреварот.

За време на натпреварот, наспроти сите опструкции од судиите, фудбалерите се борат со жар и ФК „Македонија“ успева да победи на огромна радост на публиката.

Сепак, неколку дена подоцна, власта го поништува резултатот и на клубот му ја одзема титулата.

Сопственикот на клубот, Димитрија, за да ја докаже верноста кон власта, мора да го однесе тренерот Шпиц во планината каде што треба да го упкои, но тој ќе се упкои себеси за да го спаси пријателот.

Фудбалскиот клуб „Македонија“ од Скопје е просечен тим кој редовно ги губи натпреварите, претежно поради несериозниот однос на неговите играчи. Поради тоа, основачот на клубот, Димитрија, сонува за тоа да направи шампионски клуб.

Реченицата која во ова денешно време е впечатлива и засекогаш ќе се памети од филмот е токму на Митко, особено затоа што е патриотска.

– Ајде бе соколи да ве чујам. Како се вика оваа земја?“, ги праша тој играчите на фудбалскиот тим во филмот. „Македонија“, одговорија тие. „Како се вика овој тим“, праша тој потоа. Играчите му одговорија:

-Македонија“. „Па, тоа е свето име бе мам ето ваше, потрудете се да не го брукате“, рече во филмот Митко, и оваа негова реченица засекогаш ќе биде запаметена. Слава му.

Видеото од славната реченица на Митко С. Апостоловски во филмот „Трето полувреме“, можете д го видите ОВДЕ. 

Previous articleПроф. Даниловски објасни што значи „хибриден“ имунитет и ги смири граѓаните кои се соочуваат со вирусот деновиве
Next articleКоки Јанков за првпат го покажа татко му, се држи одлично- еве зошто е тој среќен човек