Home Live Илина прави шпага во бикини на глава, а Игор ја снима- ваква...

Илина прави шпага во бикини на глава, а Игор ја снима- ваква не сме ја виделе (ВИДЕО)

Пред неколку месеци, Илина Арсова го изненади Игор Џамбазов во програмата на ТВ Телма, кога се јави на видео дури од Еквадор и тој кога ја виде рече: Добро утро моја мала утехо. Илина рече дека се наоѓа на 3.000 метри надморска висина а Игор не можеше да го сокрие изненадувањето.

„Срце мое“ и „злато мое“ беа зборовите кои Игор и Илина си ги изговорија еден на друг неколку пати, а во живо тие пак ќе се видат во ноември кога Илина го најави своето враќање.

Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

На Игор не му се веруваше што ја гледа својата сакана и извика браво за екипата која се сетила да го изненади на овој начин.

По гостувањето во утринската програма, Игор за Женски магазин рече дека кога ја видел Илина, бил во прединф арктна состојба“, напиша Женски магазин тогаш.

Ми се јави новинарот Горан Петрески и за среќа тие денови бев послободна па веднаш се организиравме за изненадувањето. Инаку со Игор не сме се виделе околу 20 и нешто дена, иако се чини многу подолго.

Се радувам што се обидува да ги разбере моите номадски и планинарски потреби бидејќи без нив, јас не сум јас. И веројатно нема да сум таа Илина што тој ја запозна во полн зен и свежина, веднаш по враќањето од Антарктикот, рече аплинистката за Женски магазин,а Игор пак изјави:

Скоро еден месец не сме се виделе… далеку е точно 10.851 километри… изненадувањето беше… прединфарктна состојба… ќе ме земеше на душа Горан Петрески, изјави Џамбазов во септември минатата година. Илина во емисијата детално објасни за нејзината авантура во Еквадор.

Се наоѓам во Еквадор во Кито, на 3.300 метри надморска висина, во Јужна Америка, каде што дојдов за алпинистички тренинг и малку за таа моја висинска адреналиснска терапија што ми фалеше последниве година ипол, рече Илина тогаш.

Таа која се искачи на Ариста Санта Барбара на 5.790 метри, еден од најтешките врвови за освојување во светот. Игор и Илина во екој момент уживаат во љубовта, а тоа се почесто го покажуваат и преку социјалните мрежи.

За нивната љубов се пишуваше на големо. И восхитува тоа кога двајца се вљубени. Љубовта е најисконското нешто и се појавува во разни форми.

Водителот, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов. Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

Илина Арсопва, отворено за Игор зборуваше во едно свое интевју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така и што и пречело на почетоот од нивната врска.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам. Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавм во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата.

Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повиоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интерву тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран. А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.

И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…

Игор изненади со уште една објава,љубовна а е посветена на Илина Арсова која е сега далеку од него.

-Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдушувам од нејзината омилена маичка за спиење.

Како сега да ја соблекла. Е, тоа е љубов“, напишал Џамбазов за својата Илина. Тие заедно го прославија нејзиниот 40-ти роденден, а потоа Илина заминала, а Џамбазов на овој начин тоа го обзнани на Инстаграм.

– За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано…

Сам сум се уби вал. Еј животе, француски предлогу…“, напиша Игор на Инстгарм неодамна.

Илина, според објавите на Игор е сега далеку од него, на некое од своите планинарски патувања, но таа на Инстаграм сподели едно доста интересно видео, во издание во какво што не сме ја виделе досега.

Снимано е плажа, всушност Игор ја снимал Илина како прави шпага, но е свртена на глава.

Илина, облечена во бикини, совршено ја изведува оваа дисцилнина, а Игор во свој препознатлив стил и вели: Од наопаку си домаќинке!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Previous articleПријател на Сузана Спасовска раскажа интимна приказна за неа: Тој миг, тоа чувство како душата да ми се одвојува од телото и летнува меѓу ѕвездите…
Next articleЈордан Митев откри досега непознати факти за сопругата – таа е родена во Австралија и таму се запознале