Home Live На монденска плажа, а сепак на домашен терен, Ирена Спасовска раскажа каде...

На монденска плажа, а сепак на домашен терен, Ирена Спасовска раскажа каде ја одвело срцето

Во една прилика , нашата позната фолк-пејачка која е секогаш доста актуелна во домашните медиуми, Ирена Спасовска за себеси рекла дека по природа е борец, и работи од својата 16-та година.

„Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјаваила пејачката на 22 годишната ќерка за Женски магазин, која е 30 години на естрадата.

-Тешкотии понекогаш имало, но животот е таков. Се’ сум заработила сама со песната, а тоа значи и многу патувања низ Македонија, во странство..

Мојот живот во лето два месеци е речиси во кола за да стигнам до одредена дестинација и на местото каде настапувам без ни еден слободен ден.

Најчесто сама возам и премногу сум МАЖ ЗА ЕДНА ЖЕНА! И нека не се чудат после хејтетите и дежурните плукачи по порталите..

Ирена била во Египет, Малдиви, Дубаи или било каде..кој работи и може да си дозволи. Мене парите не ми паѓаат од небо. Ретко која жена би издржала или би се осудила“, раскажа Ирена за Женски магазин.

Во јавноста, се’ уште е актуелна нејзината врска со новинарот Орце Гелевски која заврши пред речиси четири години.

-Јас не прозборев туку бев испровоцирана што после четири години безпотребно се вртеа прикаски на одредени портали, и решив да ставам крај на тие пишувања. Не го гледам често .

Ако ни се вкрстат патиштата на паркинг бидејќи блиску живееме и толку. Дали верувам во пријателства?

Јас верувам повеќе во коректен однос после завршена приказна но за жал тука мислам дека жените се посилни, бар мене не ми претставува проблем, бидејќи се’ ми е добро прежвакано и расчистено со самата себе.

Обично се вели кој е иницијатор за разделба, тој подобро поминува. Па, сега..тоа е. Би сакала оваа тема да се затвори и да не се врти по порталите веќе“, вели Ирена за истиот медиум.

А всушност, таа приказната ја раскажа за порталот Кликниме и таму рече:

– Навистина е срамота што после 4 години се отвара оваа тема.Порталите нека ме остават на мир бидејки ова не е фер.Не знам дали Орце изјавил така.

Изневерување,не секогаш е физичко, може да биде во очекувања , цел живот да бидеме заедно, но јас сум ставила крај на врската,и со тоа се изневерени неговите очекувања.

И не,не се каам бидејки според мене љувовта е “вечна” додека трае.Со текот на годините работите се менуваат и за ништо во животот нема гаранција.Животот не доаѓа ниту со упатство за живеење ниту со гаранција за нешто.

Башка тоа што јас бев слободна и никого не изневерив а тој беше иницијатор за врска иако беше во брак.Според тоа, тој изневерил и не ги оставил жената и децата заради мене,туку за себе, за да си направи промена во животот од кој не беше задоволен.

Тој најмалку има право да зборува за неверства..или пак ќе речам можеби неговите зборови на порталите се испревртени.

Јас категорично велам -доста ми е од портали и “светци и светици” што коментираат за мене или за други јавни личности а се многу далеку од вистината на нивните коментари..

Истите тие живеат во формални бракови само за статус во општеството, без трошка љубов и сек’с.Живеат од итерес за пари и имот, или да не им се разруши комодитетот,или се плашат да останат сами,или заради децата.

Изневеруваат на секој чекор а и тие што не изневериле ако им се укаже прилика, веднаш би го направиле тоа во првата прилика.Но тие изигруваат “чесни” а од друга страна се најгласни и ги коментираат и осудуваат другите.

А најчудно ми е тоа што откако пред четири години ставив крај на врската со Орце,јас немам помислено на човекот а порталите и луѓето се заморуваат со мене и со минато свршено време“, кажа таа за Кликниме.

Ирена Спасовска често споделува фотографии и видеа од приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Неодамна таа сподели една среќна вест – дека нејзината ќерка Тамара е апсолвентка.

Покрај фотографија од својата ќерка, Ирена напиша емотивна посвета и јавно ѝ порача на својата ќерка да го следи својот сон. „Ќерко моја единствена – среќна апсолвентска. Следи го својот сон.. тој ќе те одведе до смислата на твоето постоење“.

Една од поновите слики кои Ирена ги објави на Фејсбук се од плажа, и тоа од најпознатата која ја нарекуваат и монденска, а тоа е Голден бич, во Охрид. Ирена е сликана во купаќи- горен дел и панталони и позира на лулашка.

Спасовска често знае да споделува мудри мисли на својот Фејсбук профил, и да ги поврзе со некоја интересна слика, а тоа го направила и овој пат, и напишала: Го следев срцето и ме одведе на плажа.

Previous articleНаум искрено раскажа приказни за својата Зуица, за децата, но и детаљ за внуците кој досега не го кажал
Next articleВане Маркоски се вратил на местото од каде што дојде, сподели носталгична приказна