Home Live Наш познат музичар објави слика од кафеана со поранешниот претседател Иванов, син...

Наш познат музичар објави слика од кафеана со поранешниот претседател Иванов, син му Иван, снаата и бебчето

-Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска. Обврска да се чува наследство за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор.

Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.

Многупати се обидувале и сега повторно се обидуваат да ни накалемат некаков туѓ идентитет. Ниту успаале, ниту сега ќе успеат бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас.

Овој светол ден не потсетува дека не смееме да ја губиме вербата во себе. Да го чуваме и негуваме нашиот многувековен идеал на непокорот.

За многу години Илинден! Да живее Република Македонија“, напиша поранешниот претседател Ѓорге Иванов на својата официјална страна на социјалните мрежи, по повод големиот празник Илинден пред неколку дена.

Инаку за поранешниот претседател оваа година е среќна! По женачката на неговиот син единец, Иван, претседателот стана и дедо, а внукот го наследи неговото име.

Поточно, на 4 април оваа година, Иван Иванов стана татко, а поранешниот претседател Ѓорге Иванов, дедо. Радосната вест на социјалните мрежи, ја сподели таткото на Јана, сопругата на Иван, Атанас Кочов:

„Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“, напиша Кочов на својот профил на социјалните мрежи и го означи зетот Иван.

На празникот Ѓурѓовден, дедото Ѓорге и внучето славеа именден. а Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од него, откога стана татко.

На фотографијата се гледа како го шета својот син во количка, а тие се наоѓаат помеѓу зелената оаза во нашиот градски парк, каде во позадина се вее македонското знаме.

,,Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години”, напиша синот на поранешниот претседател.

Ваква слична фотографија, на која семејството е собрано на куп, со исклучок на Маја, денес објави еден од нашите најпознати музичари, Владимир Четкар од Охрид, (фото подолу), кој на 12. август ќе одржи голем хуманитарен концерт во неговиот роден град.

Тој дури најави и бродски превоз до местото на одржување на концертот:

„Убави вести!!! Опција за бродски превоз со бродовите Александрија 1 и 2 до бесплатниот Голем концерт на Владимир Четкар џез-соул-фанк ансамбл во кампинг Љубаништа на 12 Август! Повратни карти 300 МКД

Број за резервации за бродски превоз: 070 232 202. Поаѓање од градско пристаниште на во 18:30 / враќање по завршувањето на концертот.

Картите се продаваат на бродовите Александрија 1 & 2 и на штандот од бродовите на градското пристаниште.“

Дека Владимир Четкар и семејството Иванови се големи пријатели, покажува и фотографијата која ја објави денес Четкар. Тие беа на ручек во една од охридските кафеани.

Previous articleДве години без Исидора Бјелица, имала необична последна желба во својот тecтaмeнт која ѝ ја исполнила познатата пејачка, нејзина пријателка
Next articleВасил Гарванлиев откри искрена приказна за неговата љубов што му се случи во Чикаго (ВИДЕО)