Home News Новинарката на Фокус Клинчарова до Министерката Бисера: Ова, вистина ли е? (ФОТО)

Новинарката на Фокус Клинчарова до Министерката Бисера: Ова, вистина ли е? (ФОТО)

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, вели дека авторите треба да творат слободно, но „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“.

Оваа нејзина изјава, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи и во медиумите, а неколку часа откако беше објавена нејзината изјава, а во јавноста се појавија бројни реакции и прашања дали се работи за промовирање на цензурата, Костадиновска-Стојчевска се огласи со реакција, на нејзиниот профил на социјалните мрежи:

„ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ.

Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!

Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”

Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура.

Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е.

Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.“

Новинарката на Фокус, Вики Клинчарова, со конкретно прашање до Министерката Бисера, дали стихобите подолу се говор на ом раза, или гола вистина:

„Говор на омраза или гола вистина? Во Кавадарци и во Ваташа нека дојде и да појасни министерката за култура, оти не ни е баш јасно…“

Previous articleОва е згодната поранешна сопруга на Мишо Ковач со која имаше бурна и тажна разделба, и во зрелите години не се дава
Next articleВанковска објави дека одлучила да ја блокира Колозова, Катерина и одговори: Ми го повpeдуваше детето и семејството