Home Live Ова е згодната поранешна сопруга на Мишо Ковач со која имаше бурна...

Ова е згодната поранешна сопруга на Мишо Ковач со која имаше бурна и тажна разделба, и во зрелите години не се дава

Легендата Мишо Ковач, иако имаше низа здравствени проблеми и два пати беше во болница, не се дава, а голема поддршка му се неговата ќерка Ивана, внуката Елена и сопругата Лидија.

Легендарниот Мате Мишо Ковач на 81 година уште еднаш ја фрли публиката во транс. И тоа од Сплит.

Иако во 2018 година во преполната Спаладиум Арена им кажа дека последен пат дошол во „неговиот град“ и дека сериозно размислува за пензија. Но Мишо во јуни месец годинава донесе 25 илјади души на стадионот Стари плац.

Повеќе од половина од присутните на концертот пристигнаа во маички со ликот на Мишо Ковач, кој минатата сезона беше „патентиран“ од Хајдук и продаде во речиси сто илјади примероци.

Но, кога Мишо излезе на сцената – почна лудилото. Веднаш се запалија педесетина „бакљи“ и спонтано започна ноефицијалната химна на ФК Хајдук, „Ја не могу друго, него да је волим“, која Мишо за клубот ја препеа како „Ја не могу друго, него да га волим“.

Од 1971 година, Мишо има снимено 28 студиски албуми и 12 компилациски. Роден е во Трибуњ, Далмација во 1941 година, најдрагите песни му се токму оние посветени на родниот крај.

– Најмногу ми недостасува моето родно место и Шибеник. Освен нив, многу ги сакам и Сплит и Задар. Всушност ја сакам цела Далмација“, изјави Мишо пред неколку години во интервју за Женски магазин, а ја спомена и својата внука.

– Кога го видов тоа дете бев преплавен со емоции. Ивана е среќна, а малата изгледа прекрасно. Ивана како мајка е супер, многу е грижлива и целата е посветена на своето девојче“, кажа Ковач.

Мишо изјави и дека на својата ќерка не и помага околу кариерата, туку дека таа самата се борела да го изгради своето музичко име на естрадата.

-За мене Ивана пее извонредно. Тотално ја освои Словенија. Мислам дека јас и пречам, затоа што сите оние кои се занимаваат со музика мислат дека таа не би пеела ако не ми беше ќерка. Истите тие сметаат дека јас ја буткам Ивана и дека јас сум ја донел на сцената. Тоа воопшто не е точно. Ништо не сум и помогнал“.

Како што српските и хрватските медиуми пишуваат, големата љубов на пејачот Мишо Ковач и на неговата поранешна сопруга Анита Батурина која му роди две деца и беа долги години во брак беше полна со тага, радост и препреки.

Нивните емоции наидоа на бројни осуди, а таа љубов беше осудена на про паст и извлече прокл етство, но на почетокот тоа беше чиста бајка, пренесува Најжена. Анита тогаш имаше само 18 години и беше прогласена за најубава Југословенка.

На еден натпревар за убавина ја прашале дали има момче, таа само потврдила, но после таа изјава следеле големи проблеми. Таа веќе беше во врска со пејачот кој беше во брак и имаше 30 години..

Брзо се заљубиле и сакале да се венчаат. Сепак, имаше еден голем проблем. Мишо Ковач беше во брак со Љубица од Загреб. Една вечер по настапот, Мишо и признал се на својата законска сопруга.

Таа вечер, кога беше последниот настап на фестивалот, на Мишо наводно му се слошило. Поради високата температура не сакал да ја напушти просторијата и ја заклучил вратата.

– Ковач имаат некои проблеми… Мишо не е болен, само се прави болен – рекол еден од неговите најдобри пријатели. Тогаш, според луѓето кои најдобро го познаваат, Мишо ја признал целата љубовна врска со Анита на Љубица.

Веднаш по фестивалот тој замина на двомесечна турнеја низ Србија и Босна и Херцеговина. На некои места му се придружуваше и Анита. Во тоа време неговата љубов кон Анита порасна.

Тие беа неразделни, а Анита одлучи да ги заврши преостанатите часови приватно за да има повеќе време за него…

Со текот на времето, пријателите на Мишао забележале поинакво однесување кај него. Тој изразил желба да стане бизнисмен и да отвори ресторан некаде на Јадранот, што подоцна го реализирал. Оние кои го познаваа најдобро потврдија дека тоа е влијанието на Анита врз него.

Мишо сè уште беше официјално оженет за време на турнејата. По само две години Мишо и Анита се венчаа и ги добија синот Еди, а потоа ќерката Ивана која денес е позната пејачка во Хрватска.

Нивниот луксузен стан бил во Загреб, а заедно го обиколиле светот. – Имавме многу „маки“ кога се запознавме. Таа беше средношколка, јас бев оженет. Многу сакав да бидеме заедно – признал Мишо во едно интервју.

Сепак, загубата на нивниот син ја уништила семејната идила. Еди се упокои на почетокот од вој ната во 90-тите и „совршеното семејство“ потоа се распадна.

Мишо потоа паднал во депр есија и земал лекови за смирување. „Бев на апчиња еден месец, по што се освестив и си реков дека не треба повеќе да живееме така – го раскажала Анита својот најтешкиот период од животот.

Тогаш јавноста беше шокирана од веста дека Мишо Ковач го напуштил семејството и среќата ја нашол во прегратка на друга жена, астрологот Силвија Конте-Калви Марковиќ. Случајно ја запознал и ја видел како личност која конечно ќе му донесе мир.

– Мишо само што излезе од нашиот стан. По неколку дена, колку што ми требаше да го повикам на телефон, јас и Мишо се сретнавме во мотелот Плитвице на обиколницата на Загреб.

Додека седевме на масата и додека го гледав, можев само да кажам дека не верував дека тоа му се случило. Мишо само кратко рече: „Еве, се случи“. Тоа никогаш нема да ми се случи, си помислив и го напуштив мотелот. Тоа беше крајот на нашата љубов – призна еднаш Анита.

Мишо е сега оженет со Лидија и е во среќен брак. Тој живее во Загреб, а Анита во Далмација, и го води нивн иот некогашен семеен ресторан. Во една прилика, ќерката Ивана има објавено слика од мајка си која и денес е многу убава жена.

Како што не се дава Мишо, не се дава ниту неговата поранешна сопруга. Ако еднаш била Мис, таа и сега изгледа одлично, секако со поинаква убавина, во зрелите години.

Previous articleНовинарката Анита изненади, отворено свилено фустанче на прерамки, изгледа како авион (ФОТО)
Next articleНовинарката на Фокус Клинчарова до Министерката Бисера: Ова, вистина ли е? (ФОТО)