Home News Проф. Даниловски објасни што значи „хибриден“ имунитет и ги смири граѓаните кои...

Проф. Даниловски објасни што значи „хибриден“ имунитет и ги смири граѓаните кои се соочуваат со вирусот деновиве

Последниот, летен бран од подваријантата на Омикрон во нашата земја е на својот врв.

Според експертите, врвот е достигнати во наредните денови се очекува да се одржува таканаречено плато, по што силата на бранот би почнала да опаѓа.

Според официјалниот извештај на Министерството за здравство од вчера, во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три поч инати лица од Скопје (72г,76г и 83г) починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на упокоени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три поч инати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г).

Две лица се поч инати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за поч инати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година.

Во популарната група „Ковид 19 искуства и совети“, денес граѓанин постави прашање:

„Здраво, можи за совет?? Два негативни брзи тестови, а јас со болки во мускули И коски. Благо покачена т° 37,2 трески ладно потење, кашлица сува; понекогаш и продуктивна.

Исто така затнат нос, но и секреција од истиот како вода од чешма да течи. Можно е да е корона или станува збор за обична настинка?

Бидејки во меѓувреме чекам и резултат од пцр Вакцинирана со 2 дози фајзер, прележана корона во јануар годинава.“

На ова прашање, одговор даде нашиот водечки епидемиолог, професорот д-р Драган Даниловски:

-Најверојатно е ковид! Симптомите што ги опишувате се сосема убедливи. На брзите тестови не можете да се потпирате. Сепак, почекајте го резултатот од ПЦР тестот.

Инаку, вие поседувате силен хибриден (комбиниран) имунитет и сегашнава ковид епизода ќе ви помине како обична настинка.

На ова следеше потпрашање, што значи тоа силен „хибриден“ имунитет, на што професорот појасни:

„…се покажа дека хибридниот имунитет (стекнат комбинирано, со прележување и вакцинација – макар со една доза) е посилен во однос на оној стекнат само со прележување или само со вакцинација.“

Previous articleБорче зема плата од 15.194 денари, а на народот му помогнал со повеќе 247 илјади евра со донирање- ја откри целата математика на „тацна“
Next articleЕве што зборуваше за Македонија Митко Апостоловски пред да се упокои, голема патриотска реплика на славниот актер која секогаш ќе се памети