Home Live Нашата позната водителка дури и од одмор, мисли на кого следно ќе...

Нашата позната водителка дури и од одмор, мисли на кого следно ќе помогне

Водителката и уредничка Оливера Петрушевска, невообичаено за наши услови, но многу етички и благородно, преку ангажман на ТВ екраните да им се помогне на луѓето на кои најмногу им треба помош и подадена рака.

Таа ја доби таа задача на ТВ Алфа, и ја извршува одлично, и со своето “Срце на дланка” на многу нас традани луѓе им ја враќа надежта, им ја убл ажува болката“, објави во една прилика за нашата водителка text.mk

– Откако се роди “Срце на дланка”, видов нешто што ни во најлош сон не претпоставував дека ќе го видам: куќи без прозорци, луѓе без домови, болни луѓе кои единствена шанса за живот гледаат во нас.

Најмногу ме погодува слика на гладни деца, дечиња кои до последна капка го цедат јогуртчето, откако ќе ги изедат смоките уште половина час ја тресат кесичката. Луѓе кои во нас гледаат Богови.

Продуцентот на емисијата ги наоѓа семејствата, потоа се вклучувам и јас, им ја проучувам историјата на животот. Договараме снимање и се раѓа приказната.

Веќе емисијата си го фаќа своето место под сонцето, па и сами луѓето се пријавуваат на бројот за информации или на социјалните мрежи на емисијата“, рече таа Текст.мк

Приказната на малиот Андреј од Штип минатата година, чиј татко Љупче раскажа дека го храни со вода и со шеќер затоа што нема пари да му купи млеко, ја трогна целата јавност.

Откако Оливера Петрушевска и екипата на емисијата „Срце на дланка“ ја раскажаа та жната судбина на таткото и на синот, нивната приказна се заврши со среќен крај: работа за Љупче, градинка за Андреј, нов стан и помош од многу граѓани и институции.

Но, она што Оливера го прикажува во „Срце на дланка“ не се само Андреј и Љупче. Последниве месеци, додека се среќава со разни човечки судбини, таа вели дека ги голта солзите и се доп лакува дома.

Тоа што има тригодишен син и седумгодишна ќерка, уште повеќе ѝ помага целосно да се внесе во проектот кој со љубов го работи“, објави Женски магазин во една прилика, а Олицера за овој медиум изјави:

-Отсекогаш сум била емпатична и жалостива кон туѓите судбини. Кога ќе сум видела некоја тажна сторија на вести или на интернет со денови не сум можела да спијам. Никогаш не претпоставував дека некогаш ќе водам проект со кој ќе ги менувам на подобро човечките животи.

Паметам од дете не сум сакала да гледам тажни луѓе. Па, на жената што чистеше скали во зградата ќе и соберев мои алишта за да им однесе на ќерките. Низ годините наназад донирав облека на загрозени семејства.

Се случило и тазе купен сендвич на куче скитник да му го дадам, само да не е гладно. Се чувствував пресреќна после секој мој хуман гест. Поголема за двапати од претходно. Горда.

Но, не ни претпоставував дека некогаш таа моја хумана страна некој ќе ја препознае и ќе ме повика да водам ваков социјален проект. Мислам дека претпоставените на ТВ Алфа не згрешија (хаххаа), а, јас нема ги разочарам.

Најмногу плачев над траг ичната судбина на Ирена Танчева од Струмица. Мајка која е врзана за кревет после тешка сооб раќајна нез года и не може ни децата да си ги прегрне. Еве и во моментов очите ми се насолзуваат.

Плачев додека ја снимавме, плачев додека ја подготвував и монтирав. Често кога одам на монтажа ќе му речам на монтажерот: „Кизо, ти не знаеш колку жална приказна имаме денес“.

А, тој ми вели, откако ја изнаплакавме Ирена, веќе солзи немам во мене. Жално… Прежално. Ако ништо друго, емисијава ме научи колку треба да му се радувам на животот, зашто е прекраток и незнаеш што ти носи новиот ден.

Кога тргнавме во Штип кај Љупче, не ни претпоставував дека неговата судбина ќе дигне толкава прашина. Иако, Љупче беше горд и прибран на снимањето, јас не бев толку јака. И него го исплакав.

Можеби затоа што имам син на возраст колку и неговиот син Андреј, па, ми падна многу тешко. Си реков како би му било на моето дете да живее во 8 квадратни метри, без пелени и храна. Зарем децата се должни да стр адаат.

Тие чисти и невини души. После снимањето без никој да ме види ги извадив последните 500 денари од џеб и му ги стуткав во рака. Реков земи купи му млеко на Андреј. Не можам да ви го опишам погледот на Љупче.

Тој чист и благодарен поглед од човек упатен кон мене ќе го памтам додека сум жива. Му пишав на еден пријател од Штип кој живее во Англија за ситуацијата на Љупче, рече се што може ќе направи, ќе организира. И така почна да се менува неговиот живот.

На интернет, сторијата зема замав, а ние на телефонскиот број не можевме ни да постигнеме да одговориме. Над 1000 повици имаше за неколку саати. Веќе следниот ден ме израдуваа слики што и јавноста ги знае, а мене Љупче ми ги испраќаше во секоја минута на месинџер.

Се што доби, се ми кажа. Дури знам и дека дел подари на семејства кои сега немаат. Ми напиша: утре малиот трга во градинка, а јас на работа“, раскажа Оливера во Женски магазин.

Сега, таа е на заслужен одмор, на море и од таму размислува за следната сезона на емисијата и кому следно ќе помогне. Оливера е секако една од најхуманите жените кај нас воопшто.

– Втората сезона на емисијата “Срце на дланка” опфати над 80 семејства. На многу од нив многу помогнатооооо и пресреќна сум. Наскоро, документирано ќе погледнете колку и каде најмногу помогнавте и кои приказни најмногу ве тр огнаа.

За сите што ме прашувате за трета сезона?! Да, ќе има.. Со многу новитети и изненадувања. Сега малку се исклучувам. Чисто да земам воздух и повратам силата зашто батеријата ми е на црвено, а, телото “burn out”.

Турција ми е омилена земја…Но, од приватни причини годинава морав да се одлучам за Јонско море. Не жалам.. Преубаво е… Одморете сите.

Правете убави работи зашто ситниците го прават животот убав. На пример, како чаша сино вино покрај кристално чистото море“, напиша таа на Фесјбук каде што е потпишана како Оли Лана.

Previous articleВасил Гарванлиев откри искрена приказна за неговата љубов што му се случи во Чикаго (ВИДЕО)
Next articleПријател на Сузана Спасовска раскажа интимна приказна за неа: Тој миг, тоа чувство како душата да ми се одвојува од телото и летнува меѓу ѕвездите…