Home Live Тазе младенци на меден месец, еве како уживаат актерот Дац и неговата...

Тазе младенци на меден месец, еве како уживаат актерот Дац и неговата Весна на море

Актерот Драган Спасов Дац на почетокот од јули, се потсети на својот пријател, професор и колега, Горан Стефановски:

„Е, Горане мој, мил професоре и пријателе. Поминаа скоро четири години одкако си отиде и да ти кажам уште ме боли некаде во телово кога некој ќе го спомене твоето име или ќе прочитам нешто за тебе.

Со тешко срце морам да ти кажам дека се спаси. Ситуацијава кај нас е катастрофална, секој секого мрази, му завидува, фаќа сеири како Пејо сеирџијата кој го играв во твојата последна драма “Огнени јазици”.

Ама Пејо беше добар а не како овие… Навистина се огнени јазици и зли и пакосни и одвратни.

Ти во животот не си бил повеќе цитиран како сега. Сите работи што ги имаш напишано во кои зборуваш за нашата Македонија и семејството и предавниците и она како се сака земјата во која си роден, сега наголемо се споделуваат на социјалните мрежи.

Час ги споделуваат едните, час другите во зависност од тоа кој како рекол и што рекол. Обично ги споделуваат за да се ситат на оние другите.

Мене ми е мило што ги споделуваат твоите генијални мисли, но жално е што скоро никој од тие што ги споделуваат текстовите и видеата од одредени претстави не прочитале повеќе од тоа што го споделуваат и не виделе повеќе од самите видео фрагменти.

Да ги прашаш што се зборува во “Диво месо”, ќе ти кажат дека тоа е за еден стар човек што требал децата да ги издрка во чаша… И? Нема “И”.

Тешко ми е, (и не само на мене) од оваа омраза која се шири низ нашиот народ. Ах… се надевам дека ќе биде подобро.
Во моментов ми текна и дијалогот на Војдан и Стрезо од “Тетовирани души”, кога Војдан му вели на Стрезо дека ќе биде подобро… ама нема да го напишам, (нека прочитаат нешто) затоа што ќе почнат и тоа да го споделуваат…

Отидов неколку пати и го гушнав твоето дрво во Дебар маало, а кога ја поставија клупата, седнав до тебе во еден дождлив ден и се изнаплакав од срце. Твој Дац!“

Познато е дека актерот Драган Спасов- Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сакана: Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

По повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна: „Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот.

Уште една романтична, оригинална честитка, Дац напиша пред некој ден, по повод роденденот на Весна.

Среќен роденден моја животна сопатничке! Те сакам. Да си жива и здрава уште многу децении!“, напиша Дац за својата Весна.

Дац и потоа слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика. Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша: Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Дац во април прослави роденден, а по тој повод на Фејсбук објави една убава вест. Весна, која тој досега ја нарекуваше своја жена, сега и официјално му е законска сопруга. Пријателите го изненадиле на настап, му повикале матичар да ги венча со Весна, без тој да знае.

Кум му бил неговиот колега Александар Митевски, со кој пеат заедно во дуото Александар и Дац. Митевски го организирал сето ова со пријателите заедно.

– Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак.

Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“, напиша тој на Фесјук тогаш.

На 27 мај актерот Јаков Спасов, синот на Драган Спасов Дац, направи свадба со својата избраничка Софија Христова, односно веќе Софија Спасов.

За расположението на свадбената церемонија се задолжени бендот Бета Хаус и диџејот Александар Јорданов и, се разбира, легендарното дуо Дац и Александар Митевски“, напиша Црно бело.

Софија (28) работи како маркетинг менаџер и графички и ui/ux дизајнер, ко-сопственик на компанија за software development и ко-основач на невладина организација за интеграција на деца од ранлива категорија, а пак Јаков (31) е актер, кој веќе три години е вработен во Театар Комедија.

„Заедно сме речиси една година, ама се чувствувам како да се знаеме цел живот. Се запознавме на Инстаграм и од првиот „дејт“ (состанок) во живо беше љубов на прв поглед.

Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме и ми кажа „Абе, ќе ми бидеш жена” (не во прашална форма) и едноставно двајцата знаевме дека тоа е тоа.“, рекла Софија за Црно бело.

Сега, Дац и Весна како тазе младенци се на својот меден месец. Уживаат заедно на море, и се вистински пример за еден среќен и вљубен пар. На дел од сликите, Весна носи фустан со отворен грб кој одлично и стои.

Објавен е и моментот кога Весна и Драган прават селфи, со убав поглед зад нив, и по широката насмевка на Дац како и сречќата на лицето на Весна, се гледа дека навистина уживаат во секој момент што го споделуваат еден со друг.

Previous articleРазочарано се огласи Блага Петреска: Македонскиот народ еден против друг, тешка и жална атмосфера
Next articleНаум искрено раскажа приказни за својата Зуица, за децата, но и детаљ за внуците кој досега не го кажал