Home Live Милена објави слика во бикини и рече: Не сум задоволна од моменталната...

Милена објави слика во бикини и рече: Не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне

Милена Антовска на Василица, на свет ја донесе Јоана, нејзината втора ќерка. Водителката се породи по природен пат и овој ден за неа и сопругот Гордан Станковски е еден од најубавите во животот.

Првата ќеркичка Лана Марија, која со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината мала сестричка, стана дада. Ова е второ дете и втора најголема радост во семесјтвото Антовски-Станковски.

Милена сподели еден свој статус кој е од минатата година, но секако може да важи во секое време, а штом го споделила, оваа наша убава водителка се уште верува во него. На сликите, таа има фустанче со шлиц и порача:

– Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово! Оваа мисла во последно време често ме следи…Во моментот кога ќе се случи тоа, веќе се губиш себе, а тој или таа од другата страна зема замав и си дава сила.

Без разлика дали е за работа и во љубовта, никогаш не треба да се даваме целосно затоа што така несакајќи им даваме до знаење дека секогаш сме им на располагање и мислат дека треба да постапуваме онака како што ним им одговара.

Ниту моментите не треба да ги земаме здраво за готово затоа што може никогаш повеќе да не се повторат. Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте.

Милена Антовска- станковска е сега мајка на две прекрасни ќерки. Милена кога беше бремена со првата ќерка Лана Марија велеше дека ќерката е сиот нејзин свет.

„Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Таа во своите статуси на Фејсбук знае да раскаже интересбни нешта, а едне од нив е по што луѓето ја препознаваат.

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место“, рече таа.

-Иако не сум на утринска, сепак станувам рано, не во 05:30, но во 07:00 сум на нога. Планот и ангажманите ми се подредени најчесто според ќерка ми како што споменав погоре.

Кога е убаво времето сме надвор, а за дома имаме многу игри, боење, цртање итн. Секако се гледам и со моите блиски колку што можам и колку што дозволува ситуацијата.

Со оглед на тоа дека многу порано заминувам на породилно отколку кога бев бремена со Лана Марија, значи дека малку потешко поднесувам. Се’ е различно, дури не ми се ни верува.

Со првото дете одев на работа речиси до две недели пред да се породам, а сега телото си кажува нешто друго и заради здравјето на бебето ги следам тие знаци“, изјави Милена неодамна во Женски магазин.

Водителката Милена беше на одмор со нејзините најмили, па потоа сподели фотографија за да го запамти овој одмор. Тоа што беше поразлично е дека оваа фотографија на Милена е со различна тематика од фотографиите што често може да ги видиме на социјалните мрежи.

Имено, Милена прозборе за нејзините вишок килограми со кои се справува после раѓањето на нејзината втора ќеркичка Јоана.

,,Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана.

Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)

Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика @gordanstankovski

Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите, напиша Милена која изгледа неверојатно убава и згодна.

Previous articleШто имаше Југославија, а сега нема – ќе набројам што ми фали
Next articleСања од Брза Кујна откри што направила со нејзиниот Томи на најромантичното место на светот (ФОТО)