Home News Перо Меморија до министерката Бисера: Ќе ви плаќаме 45 ден. ДДВ од...

Перо Меморија до министерката Бисера: Ќе ви плаќаме 45 ден. ДДВ од билет за да можете да спонзорирате уметници по ваш мерак

Македонија живее турбулентни времиња, по минатомесечните протести на опозицијата и по гласањето на пратениците во Парламентот за договорот со Бугарија.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, вели дека авторите треба да творат слободно, но „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“.

Оваа нејзина изјава, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи и во медиумите, а неколку часа откако беше објавена нејзината изјава, а во јавноста се појавија бројни реакции и прашања дали се работи за промовирање на цензурата, Костадиновска-Стојчевска се огласи со реакција, на нејзиниот профил на социјалните мрежи:

„ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ.

Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!

Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”

Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура.

Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е.

Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.“

И по оваа изјава на министерката, се редеа реакции, кои беа упатени против министерката и нејзините ставови, но и шеги за тоа што е позитивно, а што негативно во уметноста.

Познатиот актер, музичар и кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори, Петар Георгиевски Камиказа, вечева се огласи на социјалните мрежи, со слично, како што го нарече, прозаично прашање:

„Еве едно прозаично прашање за “Министерката за култура“овие денови актуелна:Дали песнава “Оган под звездите“ содржи говор на омраза или го забавува народот!?

За да знам зошто не одбивте на единственото барање да не ослободите од плаќање ДДВ на картите,со образложение дека не сме во програмата?!

Сите други странци се во програмата и се ослободени од ДДВ?! Колку Македонски бендови има што полнат сали!? Имам уште многу прашања,ама сигурен сум дека на ниедно нема да дадете издржан одговор,кој после “притисок“ нема да пробате да го демантирате и минимизирате!!!

Се гледаме на концерт на МЕМОРИЈА во Битола на 31 август.Картата е 250 денари,мислам дека можете да си дозволите ваков “луксуз“.

Од секоја карта ќе платиме 45 денари ДДВ за да можете да ги спонзорирате уметниците по ваша “мерка“ како на пример Мирко Попов и останати “врвни “артисти, Македонија вечна!“

Previous articleСлавниот музичар искрено: Додека мајка ми беше во болничка постела, татко ми беше со друга жена
Next articleОбјавени снимки од последните разговори пред да се упокои – познатиот новинар практично молел да оди во болница