Home Live Сашко Коцев во прегратките на оваа наша позната фолк-пејачка, не сме навикнати...

Сашко Коцев во прегратките на оваа наша позната фолк-пејачка, не сме навикнати да го гледаме во вакво друштво

За Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

– Во колку станувате вие бе. Во колку станувате за да бидете орни за работа?“, праша Сашко Коцев во емиисијата Утринска на Телма каде што гостуваше пред неколку месеци и разговараше со новинарот Горан Петрески.

– Стално се прашувам, и сега се прашувам, у колку станува оној што се јавува во утринска програма. Демек и он имал нешто да каже во 6 ипол-седум сабајле.

Тој не е ни легнат“, рече Коцев во емисијата. Потоа, новинарот го праша како жовее периодот, а Коцев рече:

-Периодов. Одличен период. Седиш дома и чекаш. Чекајќи го Годо. Чекаме да помине пандемија, да нешто работиме. Детето сабајле го носам во градинка, малце возам. Од Кисела вода до Капиштец, околу 50 минути, и 50 назад, мене денот ми исполнет. Толку. Утрата во возење ми поминуваат.

Чекаме нешто да помине, што да помине?“, рече Сашко. Потоа рече дека тој е вакциниран, но не го прележал вирусот. „Избегавам контакти. Ова е една од ретките емисии кај што сум дошол.

Тука профатив и една сме помалце луѓе, само камерманот и јас и вие, а инаку шоуа оние што се со многу публика, гледам да избегнувам. Сите протоколи ги пратам.

Главно со што се занимаваме? Се прати како спортска прогноза на телетекст што гледаме. Ние бројки. Денеска волку заразени, утре толку. Утре ќе видиш вака ќе биде, и докторат дома спремаш на тема Ко-виц.

Значи, ако си вакциниран, антителата ти се волку. Значи дека можеш да се вакцинираш, значи тоа е тригонометрија…. И после му викаш на некој: Прележан ми си?

Ама кога си прележан? Можеш да дојдеш на гости, го зимаш дома на мезе, го тестираш на врата. Вакциниран си значи добро, колку поминало?

Колку ти се антителата? Е со тоа се бавиме. И маската. Колку веќе. Уште малце две години. Тоа е…“, рече познатиот актер.

Сашко Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи..

Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на ќерка му Јоана и креативниот процес.

Сашко Коцев, кој секогаш знае да ја насмее публиката и своите следбеници на социјалните мрежи, е омилен на многумина.

Во едно интервју, ртоиј зборувал за тоа како здраво живее и како се храни.

– Стрес? Веројатно неможноста, немоќта човек да се справи со проблемот. Или бурно реагирање на новонастанатите ситуации, без разлика дали е работа или семејство.

Дури и неможноста да се стигне навреме, доцниш, почнува да се реагира панично и нервозно, бурно.

Веројатно во организмот се прават различни хемиски реакции кои потоа почнуваат да нè трујат однатре, па веројатно затоа многу болести ги поврзуваат со стресот. Сепак, вие сте постручни во ова, јас лаички си разговарам. Инаку, има само 2 чекори доколку се јави проблем.

Првиот е да пробаш да најдеш решение. А вториот е дека не смееш НИКАКО да се нервираш, зашто тоа не ти го решава проблемот.

Само си нервозен, а проблемот пак си е тука. Еве, на пример, ако доцниш, не смееш да се нервираш, зашто ти секако ќе стигнеш подоцна. Решение е само да тргнеш порано.

Мојата исхрана се базира на месо и салати. Не јадам леб, хамбургер, бурек, симит погача, а ниту тоа што го јадам не е во големи количини (ха-ха). Мислам, се гледа по мене.

Иако и тоа што некои работи ги избегнувам, не е фанатично. Секако дека знам да седнам и на бургер и на бурек. Сето останато за мене е измачување и стресирање на организмот.

Посебно кога јадеш сè, па одеднаш стануваш веган или поминуваш на некоја строго пропишана диета“, рекол Сашко за своето здравје во интервју за pluspharma.mk

Коцев на Фејсбук изненади откако раскажа приказна за Цеца и за Анастасија и многумина коментираа на овој негов оригинален статус. Вака напиша нашиот познат и омилен актер:

– На Цеца ќерката, епа на нејзиното момче мајка му, на нејзината сестра од тетка зетот за втората внука епа братучетка му трета изгледа неверојатно во купачи и го запали интернетот! Ега ти вестите ега ти !!!!!!!!“.

– На мајчето, мајче, од мајчето мајче, на мајчето трета тетка од страна на стрина и“, вели еден од коментарите на оваа објава на Сашко, а друг вели:

Чек не ли беше на балдзу ву па њојна шуруњајка е па њојна деверичња што га пали интернет?“

Сашко Коцев е означен на слика на нашата позната фолк пејачка Анета Наковска. Коцев и Анета се сликани заедно на некој нејзин настап, а со нив е Андреј од групата ДНК. „Од еден прекрасен настап“, напишала Наковска која ја прегрнал Коцев и на сликата се доста расположени и весели.

Previous articleДолната oблeka со бела боја ѝ е омилена, Елена Велевска не пропушта да ја истакне (ФОТО)
Next articleСлавниот музичар искрено: Додека мајка ми беше во болничка постела, татко ми беше со друга жена