Home Live Д-р Вело Марковски проговори и јасно кажа што мисли за популарното „чистење“...

Д-р Вело Марковски проговори и јасно кажа што мисли за популарното „чистење“ (ВИДЕО)

Вело Марковски е во втор брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Токму на својата убава сопруга, Вело Марковски и напиша песна, насловена како „Те Сакам“. Истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на фејсбук.

Љубовта меѓу професорот Вело Марковски и неговата сопруга поранешната мисица Евгенија, таа ја раскажа во Женски магазин.

Плод на нивната љубов, на која ѝ дале шанса и покрај стравовите дали ќе успеат се двете дечиња.

„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете.

Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, вели ексклузивно за Женски магазин, Евгенија Марковска.

-Нашата врска започна во 2014 година, се мислевме неколку месеци, но ете се решивме да ја започнеме врската без обврски и некои поголеми очекувања.

Ни беше убаво да бидеме заедно, а колку повеќе се гледавме станувавме се повеќе поврзани.

Често со Вело знаеме да ја искоментираме првата средба како бевме исплашени и како кога доѓаше по мене сакал да се врати на пола пат и да ми каже дека има обврски тој ден и дали ако се вратеше пак ќе се видевме и ќе завршеше исто како сега.

На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете.

Недолични коментари имаше уште од почетокот кога се дозна за нашиот брак и сѐ уште има.

Не ме повредува никој од тие коментари затоа што никогаш не ми било важно што ќе кажат другите“, рече Евгенија.

Инаку во една прилика, Вело Марковски и Евгенија, гостуваа на естрадниот магазин „Бекстејџ, каде проговорија за својата врска.

Д-р Марковски објасни дека Евгенија му била студентка и била меѓу најдобрите, па затоа тој ја поканил да биде демонстратор.

Љубовта се родила дури после неколку месеци од дружбата, а Евгенија на прашањето на новинарката, дали имала проблеми со своите родители (бидејќи Вело е многу постар од неа), рече дека немала проблеми, а нејзините родители се интересирале само, дали имаат сериозни намери љубовта да ја крунисаат со брак.

Доктор Вело Марковски проговори за една контроверзна тема, абор тусот, која целиот свет дели различно мислење. Додека некои своето гледиште го темелат на тоа дека жената има право да прави што сака врз сопственото тело, други сметаат дека е г рев да не се донесе тоа битие на свет.

-Против, дефинитивно. Морам да признаам дека и јас го оправдував абор тусот, меѓутоа, последните две години, немаме право да се мешаме и мислам дека со абор тусот прекинуваме животни циклуси, прекинуваме животи на прекрасни суштества кои сигурно многу ќе придонесат и за човештвото, и за државата и за планетата.

Дефинитивно мислам дека сум против абор тусот, освен кога има навистина медицински индикации. Да не бидат тие, лесно прифатени, бидејќи има навистина многу болести, разни состојби, коагулопатии итн..

Меѓутоа, каде што се’ е во ред, да се абор тира затоа што не е сега време за деца или затоа што не поддржува семејството, или не поддржува брачен другар, мислам дека е г рев.

Во интервју за Бекстејџ, на оваа тема проговори и пејачката Андријана Јаневска, која имаше различно мислење од д-р Вело Марковски.

-Јас сум личност која прво и основно е слободна и така се чувствувам, и така сметам дека секој човек треба да се чувствува, не треба да има никакви забрани.

Значи, секој човек треба да живее како што сака да живее, тоа е мојот став. Значи абор тусот да кажеме, е една тема која што е интимна, како што е религија, Господ итн..

Значи, не може да се наметнува некој нешто да прави или да не прави. Значи, сепак е тоа интимно прашање и треба да се остави на секоја индивидуа.

Меѓутоа, девојчињата, еве ова мислам дека е клучното, треба да сфатат дека абор тусот не треба да служи како средство за контрацепција, треба повеќе да се едуцираат на таа тема и мислам дека тогаш не би имало некој проблем.

Повеќе да се разговара во семејствата, не треба да биде табу, и во тој случај мислам дека не би имало толку многу абор туси и потреба од забрана, да кажеме, изјави Андријана Јаневска.

На оваа тема проговори и Андријана Петрушовска, Таско, Роберт Билбилов и Ѓорѓе Давид за Бекстејџ.

Previous articleСања од Брза Кујна откри што направила со нејзиниот Томи на најромантичното место на светот (ФОТО)
Next articleСпенџарска објасни како фунционира женскиот мозок, а потоа ја покажа мајка ѝ која ретко ја гледаме (ФОТО)