Home Live Вистинска госпоѓа која изгледа одлично- Тамара ја почести мајка си викенд во...

Вистинска госпоѓа која изгледа одлично- Тамара ја почести мајка си викенд во скап хотел во Охрид

Тамара Тодевска е една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.

Тодевска своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.

Тамара која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, во една прилика гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу прово кативни прашања.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запишам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

-Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам. Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка. За нив јас сум Тамара – пријателката.

Не велам дека немаше коментари на одредени луѓе што навистина ме повредија, но како што кажав, цело ова искуство ме направи похрабра и ми помогна уште повеќе да верувам во себе.

Евровизија беше најубавото професионално искуство во мојот живот. Бескрајно сум благодарна и на МТВ и на целиот мој тим. Ние бевме навистина тим од соништата. Уште од првиот ден бевме максимално посветени и верувавме дури и во невозможното.

Гласовите од жирите и овациите од публиката беа само потврда дека нашата тимска работа се исплатеше.

Ме радува тоа што се појавуваат нови артисти кои инвестираат во себе и кои на еден начин креираат една нова, позрела и можеби пософистицирана македонска музичка сцена.

Да бидеме реални, тешко е да се биде артист во Македонија, но од друга страна имаме артисти кои оставаат трага без разлика на тоа колку е тешка ситуацијата.

Музичарите во Македонија се доказ дека без разлика на сè, ако веруваш и работиш на себе, апсолутно сè е возможно“, кажа Тамара во една прилика за Еспресо.мк

Во март годинава Тамара на Инстаграм стори сподели црно-бела фотографија од нејзините родители, која сигурно е направена пред многу години.

Потоа објави стори на кое се нејзините деца Хана и Дарен со баба Брана со торта. Тамара и честиташе роденден на својата мајка која наполни 73 години.

Нашата пејачка и сега објави слика со свгојата мајка Брана, а сликана е на терасата во еден од најскапите хотели во Охрид, Инекс Олгица.

Мајката на Тамара и на Тијана е вистинска госпоѓа која изгледа супер, а Тамара ја однела на викенд и релаксација на ова убаво место каде што се сликани.

Previous articleКафе за евро ипол, сок за едно, пиво ни цели две евра- има и вакви цени во Грција, и тоа на ова популарно место на Халкидики
Next articleДолната oблeka со бела боја ѝ е омилена, Елена Велевска не пропушта да ја истакне (ФОТО)