Home Live Блага Петреска ја опиша својата внука Летиција од синот Олег: Лавица, да...

Блага Петреска ја опиша својата внука Летиција од синот Олег: Лавица, да остане таква посебна (ФОТО)

Блага Петерска е една од нашите најпочитувани пејачки на фолк музика, чија кариера трае со децении и нема кој бар еднаш не се развеселил на изведбите на Блага.

Но, веселата пејачка има една животна тага со која таа многу храбро се носи. Кога била многу млада, таа го загубила сопругот, и останала сама да се грижи за децата.

Блага никогаш не сакала да се премажи. Исто така, во јавноста никогаш не се појави со нов партнер, туку им беше посветена само на децата..

Низ годините, таа се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога си заминал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

– Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си.

Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна.

Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство.

Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага во едно интервју за Свет Австралија.

Минатата година, Блага освои награда на фестивалот „Еврофест“. Блага доби награда Гран При. Таа испеа песна која според многумина е автобиографска и се вика „Свени ми, свени Невене“. Но, освен Гран При, Блага ја наградија и за најдобрта интерпретација.

За ваква песна и за вакво грло, тоа е заслужено. Низ оваа песна, таа си ја отвори душата.

Нејзиниот син Олег Кондратенко, и снаата Ана која е од Русија, се истакнатаи музичари и заедно работат на образование на млади виолинисти. Во интервју за Факултети.мк, Ана, снаата на Блага има изјавено:

-Mорам да објаснам една работа за која многумина имаат погрешна претстава: кај еден музичар, посебно инструменталист, образованието почнува од најраната возраст.

Обично во Македонија децата почнуваат да свират виолина, клавир или виолончело на 7-8-годишна возраст. Кај мене во Русија најнормална возраст за први чекори на тие инструменти се 4-5 години..

Во Јапонија и во други азиски земји таа возраст се намалува до 2-3 години. Така, кога доаѓаме на приемни испити за високото образование, ние веќе зад себе имаме приближно 10-15 години поминати во секојдневна работа по неколку часа дома и на најразлични настапи (концерти, испити и колоквиуми) – вели Ана.

Нашата кујна е стварно многу добра. Јас сум специјалист за нашите јадења, а мојата Ана ги прави помодерните јадења“, рече Блага за Ана, која и е снаа од синот. Ана Контраденко е инаку познат виолинист.

– Модерните јадења ги учам од неа. Од 20 години ја зедовме, таа ми е веќе како ќерка. И многу работи приметувам, како јас што ги правам, таа ги прави.

Многу се сложуваме. Таа ги прави помодерните јадења, ја прашувам нејзе, а таа пак ги учи традиционалните јадења.

Потоа, Блага зборуваше за тоа што ја воодушевува кога е надвор од Македонија, кога патува на многу места, и рече дека ѝ е најважен чистиот воздух, чистотата и зелениото.

-Ние во тој поглед многу не внимаваме, искр ше-ни клупи, иск ре-шни канделабри, тоа ми пречи кај нас“, рече доајенката на нашата народна музика.

Блага Петреска е горда на своите постигнати дела, а ова што го направи нејзиниот роден крај и’ го ,,стопи” срцето.

Имено, Блага Петреска на својот Фејсбук профил објави фотографии од музејот во Прилеп кој ги објавил сите опуси на уметниците родено во овој град. Потоа пејачката ја изрази благодарноста:

,,Мојот Прилеп секогаш прв. Еве први се сетија на нас истакнати уметници родени во Прилеп и од областа на музиката и од областа на актерството, инструменталисти сите наши награди, предмети се изложени во музејот на градот. Голема благодарност до директорот Благоја Атанасоски и Лилјана Неделковска”, напиша Блага.

Ана минатата година сподели слика од својата ќерка која наполни 15 години и напишала: Нашата радост и сонце има 15 години.

Сликата ја споделила и Блага и за својата мила внука напишала: На мојата душа, мојата љубов среќен роденден и остани таква ПОСЕБНА.

Оваа година, Блага со посебна честитка и’ го честиташе роденденот на својата најсакана внука.

,,На моето сонце мојата лавица Летиција, среќен 16ти роденден, да ми е здрава и жива и да остане таква посебна со хумористичната за баба и дедо..”, напиша Блага која во продолжение ја сподели нејзината песна ,,Гурман дедо инфрит баба”

Previous articleГавазова ја покажа сестра си која ретко ја гледаме во јавност и ѝ напиша посвета ,,за топење”
Next articleСаше Политико: До таму е отидена работата што дури и ВМРО ДПМНЕ да освои 80 пратеници, пак ќе биде џабе?!