Home Live Го погледна во очи и му прости, а тој ѝ зеде се...

Го погледна во очи и му прости, а тој ѝ зеде се што е вредно: Еве колку голема жена беше Милена Дравиќ

Легендарната актерска двојка, Милена Дравиќ и Драган Николиќ, покрај нивната успешна кариера, која остави траен впечаток во историјата на екс југословенскиот театар, ТВ, и филм, останаа запаметени и како двојка водена од љубовта, а чии дела отсекогаш предизвикувале восхит и почит.

Во својата богата актерска кариера може да се пофали со бројни театарски, филмски и ТВ остварувања, но зад неа останаа и три брака, со тројца познати мажи!

Со нејзината харизма, извонреден талент и убавина, многу режисери ги оставше без здив, но исто така и мажите кои копнеа по неа, таа да биде во нивна близина.

Еден од првите чие срце го освои, тогаш младата Милена Дравиќ беше режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ. „Мојата најголема љубов беше Милена Дравиќ. Таа љубов прерасна во брак во 1960 година. Во тоа време, Милена беше голема ѕвезда. Чекоревме од филм во филм.

Но, кога забележав дека и пречем и по многу нешта, не сум маж за неа, пријателски се разведовме – ќе изјави тој за „Политика“.

По разводот со Ѓорѓевиќ, со кого таа помина неколку години заеднички живот, Милена повторно одлучи да му каже судбоносно “ДА”, овој пат исто така на еден режисер – Војислав Кокан Ракоњац.

Тие се венчале и биле заедно се до неговата смрт во 1969 година, кога тој се упокоил на возраст од само 34 години.

Милена и Кокан се сретнаа воРадио Телевизија Белград кога работеа заедно за детска серија “Добра ноќ, деца”. Според извештајот на тогашниот печат, Кокан Ракоњац беше слика и прилика на најпосакуваните белградски момчиња.

Навидум груб, но привлечни за девојките и комплетен ентузијаст за филмот. Тој беше во центарот на тогашната боемштина. Од уметничкиот свет знаеше секој што требаше да се знае и можеше да воспостави контакт со сите.

Третата и голема љубов на Милена Дравиќ, беше актерот Драган Гага Николиќ. Таа ги помина најубавите години на својот живот со него.

Познатите сопружници живееле во стан во Врачар во Белград, а во улицата Иван Ѓаје број 3, дури и години по нивното заминување, минувачите сè уште застануваат за немо да се сеќаваат на великаните, да им оддадат почит и да евоцираат спомени за нивните најголеми дела и постапки кои сведочат за со големи срца.

Една од бројните анегдоти од животот на познатата актерка се издвои најмногу поради тоа што неколку години по непријатностите кои ги доживеа, се случи неочекуван пресврт.

Имено, во станот во кој живеела далечната 1971 година, актерката доживеала голема непријатност на која се сеќавала цел живот.

На пробата за претставата била известена дека се случил гра-беж, и дека и биле одземени сите вредни предмети што ги имала во станот.

Откако била повикана од полиција, актерката веднаш ја напуштила пробата и заминала дома, каде ги затекнала пол ицајците и нејзината мајка која плаче. Меѓутоа, неколку години подоцна се случи средба која никој не можеше да ја очекува.

Имено, актерката престојувала во едно кафуле во Котор, кога ненадејно и пришол келнерот и ја прашал дали може да и се придружи „човекот кој и го чистел станот“.

Збунетата актерка не го сфатила веднаш значењето на зборот „чистење“, бидејќи, како што рекла, нејзиниот стан секогаш го чистеле жени, а никогаш мажи, но сепак му дозволила на келнерот да го испрати мистериозниот господин.

Еден убав човек и се придружил, ја подадал раката, седнал спроти неа и си ја отворил душата.

Јас сум тој што го ог-раби вашиот стан во 1971 година. Ги зедов сите вредни работи. Ве ук-радов! Јас сум обичен крадец, но го направив тоа. Можете ли да ми простите? – ѝ се обрати тој, а Милена остана во шок.

Таа долго време го гледаше во очи и ја прекина тишината со само еден збор: „Ти простувам!“. Легендарната актерка, за време на случката ги изгубила сите награди и накит, кои потоа биле продадени и никогаш не и биле вратени.

Откако му простила на човекот, сакала да дознае повеќе за неговиот живот, по што го прашала што прави во Котор . Тој и објаснил дека „сега работи чесна работа“ и дека има семејство.

Оваа приказна е само уште една во низата анегдоти од животот на легендарните актери кои беа познати по своето големо срце и добрина.

Потсетуваме, Милена Дравиќ се упкои во октомври 2018 година во Белград, две и пол години откако се прости од својата најголема љубов, колегата Драган Николиќ, со кој со децении живееше во хармоничен брак.

Previous articleМаријан: Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш на пазарче,на љуљашки, у Кам, по биртиии…
Next articleОдмор на познатиот азурен брег- Кристина Арнаудова објави слика во бикини од Франција