Home Live Маријан: Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш на пазарче,на љуљашки,...

Маријан: Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш на пазарче,на љуљашки, у Кам, по биртиии…

Познатиот македонски диџеј Маријан Петровски- Мац, откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија.

Имено, тој е лаборант, и дека ѝ се враќа на медицината, тој објави на својот Фејсбук профил. Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување (вие што не знаевте). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“.

Претходно, тој напиша уште еден отворен статус:

Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш ите чаша на џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

Ама сега сте први дека ние сме срам, не чиниме, ние сме брука .. Ние сме без осет, ние сме виновниците за вирусот .. па уште што не сме најл ошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот. А ние пак преку музика ќе ви ја наполниме душата и ќе отидете дома со уште една не заборавна вечер во вашиот живот!

Едит. И додека бевте во карантин НИЕ ОД ДОМА ВЕ РАСПОЛОЖУВАВМЕ ПРЕКУ МУЗИКА И ПРАВЕВМЕ ДА ВИ Е УБАВО.“, рече диџејот. Тој е еден од нашите најпозитивни јавни личности. Секогаш на Фејсбук објавуваше колку оздравени од вирусот има.

-Лаборант сум добри десет, единаесет години. Потоа, пред шест години се повлеков од медицината, бидејки музиката многу ме исполнуваше и навистина одлично се чувствував, бидејќи нели најубавата работа е онаа која ја сакаме најмногу и не исполнува премногу“, ни раскажа диџејот, сега лаборант.

-Но ете , пандемијата си го направи своето . Една врата ми се затвори но друга ми се отвори, и ѝ се вратив повторно на медицината, бидејќи тоа го знам, тоа го учев, секако дека и медицината е дел од мене и секако дека си ја сакам многу.

Едноставно немав избор, и ете така требало да биде. Овој долг период кој веќе трае и не можам да пуштам музика, ја заменив со боцкање“, кажа Маријан во Женски магазин.

Диџеј Мац раскажа случка за неодговорно однесување на граѓани.

– Каков народ сме … Боже, Боже. Прееска во скафандер облечен и заштитен .. нели на терен на домашни посети така се оди…

И си седат така надвор луѓенца пред бутици, продавници и си коментираат се смешкаат… као види го како марсовец е .. или космонаут … и јас како што ме дал Господ без влакна на јазикот.

ЛАБОРАНТ СУМ … влагам дома каде што луѓе не смеат да искочат и се болни, а некој треба крв да им земе за да си го проверат здравјето .. вие додека сте собрани и се смеете дека сум јас марсовец внимавајте да не треба да дојдам и кај вас дома.

Поздрав и имајте убав ден! И така не знаеа што да вратат … ШТАМА се деси“, раскажа диџејот. Мац потоа се израдува на олабувањето на мерките и со радост му се врати и на диџејството.

Диџеј Мац напишал интересен статаус на Фејсбук кој се однесува на нашите ѕвезди и за тоа дали всушност кај нас има вистински ѕвезди.

– Сегде у светот звездите може да се видат на црвен тепих … или некој ВИП клуб. Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш .. на пазарче,на љуљашки,у Кам,по улици,по кафани,биртии ..

Абе у месара ,у маало ..Доста ми глумите .. земете опуштете се малку и не летајте“, стои во неговиот статус.

Previous articleВодителката Ели Танасковска замина од Македонија, cрцето ја одведе на другата страна на светот
Next articleГо погледна во очи и му прости, а тој ѝ зеде се што е вредно: Еве колку голема жена беше Милена Дравиќ