Home News Објавени снимки од последните разговори пред да се упокои – познатиот новинар...

Објавени снимки од последните разговори пред да се упокои – познатиот новинар практично молел да оди во болница

Новинарот на Индекс, Владимир Матијановиќ, се упокои во петокот попладне, по неколкудневното барање помош од сплитските лекари.

За прв пат на 2 август на ургентната инфектологија побарал да биде хоспитализиран. Но, тие му рекле да седи дома.

-Доколку во следните пет дена, не ти падне температурата, тогаш дојди во болница, му рече докторот на Владимир, по деталните прашања околу симптомите.

Неговата животна сопатничка Андреа Топиќ, исто така новинарка на Индекс, на Фејсбук детално опиша како ден пред и на денот на неговото упокојување, најмалку десет пати се јавиле во болница и во Итна помош и побарале да го хоспитализираат.

Таа изјави дека Матијаниќ имал Сјогренов синдром и интерстицијална белодробна болест и се сомнева дека има уште две автоимуни болести. Тој исто така се заразил со Ковид.

Топиќ опишала колку пати се јавиле во болница, колку пати во Итната помош и како Итната помош не сакала да го однесе во болница по првото пристигнување, а вториот пат кога дошле, кога е неговата состојба се влоши, веќе беше доцна.

Топиќ рече и дека не можела да го однесе во болница бидејќи не можел да се движи, имено, не можел да оди ни во тоалет, а камоли автомобилот, а и самата била заразена со Ковид.

„Се обидов да го натерам да оди до автомобилот, но не успеав ни да го облечам. Немавме друг избор освен да повикаме брза помош“, рече таа.

„Вратете се за пет дена ако не се подобри“ и „Уринирајте во тенџерето до креветот“ се, меѓу другото, советите што ги добија од сплитските медицински работници, а кои може да се слушнат на снимките,

Слушнете ги вознемирувачките снимки од разговорот со дежурниот лекар кој вечерта пред упокојувањето, му рекол на Матијаниќ да се јави за пет дена и со медицинскиот работник од Инфективното одделение кој само неколку часа пред упокојувањето му рекол да уринира во тенџерето до креветот.

Матијашевиќ: Немам воопшто сила, неможам ниту домтоалетот да одам!

-Докторката: Па немој да одиш, лежи во кревет, можеш во некој сад да вршиш нужда, тенџере или слично!

На снимките се слуша како Матијашевиќ врти телефони кај различни доктори и на сите им ја објаснува неговата сложена ситуација. Тие го препраќаат од еден кај друг, ја префрлаат одговорноста.

Неговата партнерка Андреа, на крај објаснува дека конечно се смилувале и испратиле Брза помош. Дошла екипата и го прегледале, му дале и некаква терапија, но одбиле да го пренесат во болница со објаснување дека не му е толку сложена состојбата.

-По само два часа, неговите нозе беа кочан ладни, поплавеа, а во лицето стана сив. Се јавив повторно во Брза помош и по некои 20 минути дојдоа. Тоа беше истата екипа.

Сега веќе видоја во каква состоба е и се јавија долу кај шоферот да донесе носила, беа решени да го носат на болница.

Владо беше во очајна состојба. Во еден момент, додека тие го вртеа да го пренесат на количката, им реков: Нема воздух во оваа положба, на што ми одговорија, има, во ред е.

По неколку моменти, Владимир ме погледна за последен пат и издивна!

Уште еден час се обидуваа да го реанимираат, но безуспешно, ракажа на социјалните мрежи неговата партнерка, исто така новинарка во Индекс, а пренесе индекс.хр.

Снимките од разговорите на Владимир Матијашевиќ, пред да се упокои, со лекарите, можѓете да ги слушнете ТУКА

Previous articleПеро Меморија до министерката Бисера: Ќе ви плаќаме 45 ден. ДДВ од билет за да можете да спонзорирате уметници по ваш мерак
Next articleОва е првата сопруга на Дуле од „Дуле и Коки“- бракот кратко им траеше, а имаа интересна љубовна приказна- еве како изгледа сега Санда Перковска