Home Live Одмор на познатиот азурен брег- Кристина Арнаудова објави слика во бикини од...

Одмор на познатиот азурен брег- Кристина Арнаудова објави слика во бикини од Франција

Познатата пејачка Кристина Арнаудова минатата година ја гледавме и како ТВ водител и автор на ТВ проект. Кристина Арнаудова во февруари минатата година да го снима „Проект куќа со Кристина“, со цел социјално загрозените семејства да добијат комплетно реновиран дом.

– Пробувам да се фокусирам на среќата. Да мислам на тоа дека ние им ја создаваме среќата, и да не размислувам за лошите нешта. Затоа сакам да работам со деца, и затоа „Проект Среќа“ се бави со среќата на децата.

Ја оставаме несреќата позади нас, и гледаме што можеме да промениме за да животот им добие нов, друг, среќен тек. Јас најмногу се бавам со организација на проектите. Комуникацијата со корисниците во Проект Среќа е должност на Благица Ристов.

Таа е онаа која ги слуша сите нивни приказни , ги знае напамет, ги плаче, и потоа ми пренесува како може да им помогнеме, па јас наоѓам начин како да се помогне.

Мора човек да има заштитен механизам , затоа што во спротивно, во хуманитарната работа, нема да издржип предолго, ќе пукнеш брзо, ќе прегориш, ако сите маки и проблеми на луѓето ги носиш дома, со себе“, изјави Кристина за Женски магазин.

Бавењето со хуманитарна работа луѓето ги менува. Ги прави благодарни. Нема поубаво нешто од тоа да си благодарен. За се. За храната, кровот, среќата, децата здравјето.

Им советувам на сите, ако сакаат да бидат среќни и благодарни а повеќето го имаат заборавено тоа, еднаш гдишно да одат да посетуваат болни деца на клиника, и да им помагаат, и еднаш годишно да волонтираат кај сиромашни семејства.

Тогаш ќе сфатат колку се благословени и ќе живеат многу посреќен живот. Јас сум благодарна многу, благословена со сè, и фала му на Господ за тоа. Немам големи желби, само да сме насмеани и здрави. Сè друго е минливо и не толку значајно“; додаде таа.

– Најдобриот совет… „Можеш да имаш сè, но ако љубов немаш, ништо не си“ е одличен совет. „Можеш сè што сакаш, треба само вистински да сакаш и да работиш на тоа“. „Мислата е материја“, тоа е совет од книга која ја промени мојата целосна перцепција за нештата.

Низ животот има разни нешта кои ме инспирирале и можеби ми ги отвориле очите во одреден момент.

Она дека „здравјето е најважно“ дефинитивно не е само клише. На помладата верзија од себеси би ѝ порачала да не се грижи толку, затоа што сè ќе биде во ред“, рече Кристина во интервју за „Црно-бело“.

Кога нејзиниот сопруг Александар Петровски прослави роденден а Кристина му го честиташе со овие зборови: Среќен роденден на љубовта на мојот живот. Ти благодарам што си моја сродна душа, што те најдов и што се имаме еден со друг.

Биди среќен секој ден, те сакам бескрајно“, напиша пејачката на сторито на Инста. Таа почна да вежба и јога и за тоа зборуваше со Слободен печат.

– Во одреден период од животот сфатив дека ми се потребни мир и смиреност на умот. Тоа отсекогаш ми недостигало. Природно сум многу темпераментна, не знам да седам на место, постојано нешто работам, и тоа не е секогаш добро.

Потребно ми е да знам да бидам мирна сама со себе и да го смирам умот, кој знае да биде наш најголем пријател, но и непријател. Јогата е дисциплина за која ништо не ти е потребно, само сопственото тело.

И по можност тивка околина, нешто што ретко го имам (ха-ха-ха). Во време на пандемија, кога дружењето и движењето треба да се ограничени, јогата е најбезбедна за практикување.

-Ние работиме постојано, тоа е наше секојдневие, а помагање на лица што имаат потреба е нашата работа. Секојдневно се делат пакети помош, храна, компјутери, таблети, лаптопи, училишни прибори, се бараат донатори што го овозможуваат сето тоа, градиме тоалети на семејства со деца што немаат или се во многу лоша состојба…

Имаме многу активности со „Проект среќа“. Иако оваа криза и нас нè погоди и нашата иднина станува неизвесна, сепак се надевам дека за доброто на стотици лица и огромен број деца, ќе успееме да преживееме во ова тешко време.

Сите наши активности, можете да ги следите на нашата фејсбук-страница „Проект среќа““, кажа таа за своето здружение.

Кристина е на одмор, и според сторирињата на Инста, е во Франција, во Ница, едно од најмонденските летувалишта во светот. Едно од сторињата на Кристина е од плажа, во бикини, каде што таа изгледа како авион.

Оваа наша пејачка, освен што е хумана и помаѓа на луѓето, знае и да ужува во животот, па така за летен одмор избрала една од најубавите светски дестинации.

Previous articleГо погледна во очи и му прости, а тој ѝ зеде се што е вредно: Еве колку голема жена беше Милена Дравиќ
Next articleСинот на Есма се присети на мајка си на овој важен ден за него и сподели преубав спомен (ФОТО)