Home News Саше Политико: До таму е отидена работата што дури и ВМРО ДПМНЕ...

Саше Политико: До таму е отидена работата што дури и ВМРО ДПМНЕ да освои 80 пратеници, пак ќе биде џабе?!

Според анкетата која минатата недела ја презентираше ИСПОС, на следните избори се очекува 25 пратеници разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!

Анализата пресликана во пратенички мандати кога Македонија би била една изборна единица, индицира драстична промена на парламентарното мнозинство. Па така, ВМРО-ДПМНЕ би осовиле 41% од гласовите, кои за опозицијата ќе значат најмалку 50 пратеници.

Владеачката СДСМ на следните избори би изгубила половина од моменталниот пратенички состав со само 19% од гласовите, односно 24 пратеници. Се очекува ДУИ да остане во рамките на своето гласачко тело со 15 пратенички места.

Зголемена разлика кај Левица, кои може да очекуваат над 10 нови пратеници, Алијанса на албанците со безмлау 6% од гласовите може да очекуваат 7 пратенички места, додека пак 9% се изјасниле за трети партии, односно 10тина пратенички мандати.

Денес од СДСМ во соопштение велат дека на Христијан Мицкоски му пропаднале сите лаги, сите блокади, сите обиди за насилни и крвави сценарија.

-Заради лична корист, Мицкоски ги лажеше граѓаните, ги лажеше своите коалициски партнери, го лажеше и своето членство, го повикуваше на протести на кои ниту самиот тој не се појавуваше.

Откако беше прочитан, Мицкоски остана сам и изолиран со поддршка единствено од Левица и Димитар Апасиев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ смета дека по сите порази, Мицкоски е уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, затоа си нарачува анкети со штелувани резултати, во кои не верува ниту членството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето ова е веќе видено, скогаш кога на Мицкоски му се ниша фотелјата, тој нарачува анкети за да му го држат стравот.
Ниту една фингирана анкета не го сокрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против граѓаните, против државните и националните интереси“, велат од СДСМ.

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес ги прокоментира обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ. Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

„Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси.

Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија“, рече Николоски.

Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.

Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.

„Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа.

Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните.

Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог.

Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум“, истакна Николоски.

Новинарот Саше Ивановски, кој важи за поддржувач на политиките на актуелната владеачка гарнитура, смета дека ВМРО-ДПМНЕ, дури и да освои 80 пратеници, би им било џабе.

„Како Мицковски не разбира 5 години по официјалниот пад на режимот а 7 години по првата техничка пржинска влада дека во македонската политика анкетите се практично безвредни?!?!

Ти можеш на пример да кжеш дека ќе поништиш договор од Преспа ќе поништиш бугарски договор ќе укинеш Рамковен договор и да освоиш дури и 80 пратеници, никоја албанска партија нема да влезе во таа влада и таа влада нема да трае подолго од 100 дена и ќе се оди пак на избори?!?!

Значи до таму е отидена работата што дури и ВМРО ДПМНЕ да освои 80 пратеници што е научна фантастика, пак ќе биде џабе?!“, пишува меѓудругото Саше Ивановски во колумна на својот портал Мактел.

Previous articleБлага Петреска ја опиша својата внука Летиција од синот Олег: Лавица, да остане таква посебна (ФОТО)
Next articleCкандал во Комунална хигиена – одземен телефон на новинарот Фуркан Салиу (ВИДЕО)