Home Live Се омажи ли Јована од „Сител“? Водителката стави збунувачка слика од плажа:...

Се омажи ли Јована од „Сител“? Водителката стави збунувачка слика од плажа: Госпоѓа и господин (ФОТО)

Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината„, изјави познатата водителка Јована Стојменовиќ од ТВ Сител во едно интервју за Иди види.

-Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…

За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот.

Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма“, додала Јована.

Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода на „Убавина и здравје“, рекла Јована во истиот медиум.

Предизвиците настапуваат нагло и привидно сакаат да не сомелат, но мислам дека клучот е да не пружаме отпор на нивната сила туку наместо борба со околностите и притисоците да влеземе во некаков танц во ритамот кој го диктира предизвикот.

Љубов, останатите емоции кои ги следат нештата кои ги правам или ми се случуваат, емоциите ми се многу важни и ги следам, слушам, и темелност на пристапот кон се што ми е важно“, изјавила таа.

– Во овие 12 години работа на утринската програма, за среќа, многу ретко ми задоцниле или воопшто не се појавиле гостите во договорениот термин. Во таквите ситуации, како и за се друго во животот, ве спасува планот Б.

Искуството си го прави своето за да имате план Б и да бидете подготвени и брзо да реагирате“, изјави Јована за vipheart.mk.

– Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле.

Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.

Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.

Неодамна една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.

Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“, изјави Јована во Женски магазин. Харизманитчана водителка, во истиот медиум во една прилика го има искоментирано нејзиниот љубовен статус.

– Иако јавните личности би требале отворено да зборуваат за тоа, како уредник на „Убавина и здравје“ мене ми е потребно да го прават тоа за да бидат инспиративни за новинарите и читателките, но јас никогаш не зборував за тоа.

Не се двојни стандарди, туку мене ми е некако лично непријатно да зборувам на таа тема, а гледам дека на многумина не им е, па сметам дека сите што се чувствуваат како мене, не треба да зборуваат и обратно. Зошто непријатно?

Можеби, стравувам како публиката ќе го коментира кажаното од моја страна, а мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе.

Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој. Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале. Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена. Дали кажав премногу“, изјави Јована.

За Јована е кракактеристично дека таа е едно од лицата со кое се будиме, гледајќи ја во утринската програма на Тв „Сител“, „Ја сакам Македонија“. Одмерена, елегантна и насмеана, Јована Стојменовиќ е една од оние водителки кои секогаш внимаваат на јазикот и на дикцијата.

Јована изминатиов викенд била да се одмори покрај море, и објави слики од песочна плажа која е најверојатно во Грција. Една слика која ја постави е малку збунувачка и делува како Јована како да сака да се пофали дека станала госпоѓа.

Таа објави фото од балони, закачени на лежалките на плажа, на кој пишува госпоѓа и господин. Потоа, стави селфи, на кое ја тагнала фирмата на накитот кој го носи на себе.

Накит, господин и госпоѓа, дали со ова Јована сака да се пофали дека ја озаконила врската, но на не нападен начин, или пак балоните не се нејзини, а накитот не е свадбен, останува да видиме.

Previous articleОва е првата сопруга на Дуле од „Дуле и Коки“- бракот кратко им траеше, а имаа интересна љубовна приказна- еве како изгледа сега Санда Перковска
Next articleВодителката Ели Танасковска замина од Македонија, cрцето ја одведе на другата страна на светот