Home Live Сузана Турунџиева: Секој ден во животот нема да биде прекрасен, но мое...

Сузана Турунџиева: Секој ден во животот нема да биде прекрасен, но мое е да го дадам најдоброто од себе

Ќерките се најголемата гордост на водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева. Таа во една прилика на својот Инстаграм профил објави фотографија со помалата, Матеа.

„Моите ќерки се причина да останам жива“, вели Турунџиева.

Таа наскоро ќе стане баба. Постарата ќерка Лора набрзо откако матурираше, направи свадба со Филип Наунов, а Сузана неодамна објави дека ќерката и зетот го очекуваат своето прво дете.

„Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост!

Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, се желбите кои Турунџиева им ги посака на Лора и на Филип.

„На сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќна за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг.

Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, изјави Александар Маленко, таткото на Лора, за Женски магазин по свадбата. Турунџиева неодамна рече дека по избор на ќерката, тој не бил поканет на свадбата.

Турунџиева во интервју за „Ексклузив“ конечно се огласи за пишувањата дека нејзиниот поранешен сопруг Александар Маленко не присуствувал на свадбата на нивното заедничко дете.

– Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш – порача таа тогаш.

Во еден нејзин статус, Сузана со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…“.

Сузана на Инстаграм објасни како сите ние сега ќе се снајдеме со враќањето во старото нормално:

-Овие денови се почесто се зборува за “враќање на старо”… И сосема разбирливо: олабавија мерките, се симнаа маските, се намалија бројките, и луѓето се опуштија ..

Меѓутоа, дали навистина толку сакаме да се вратиме на старото?!

Да излезам од контекст на рестриктивните мерки поради пандемијата, ние реално, од старото сакаме да го задржиме само она што е добро, што вреди, што ни служи, и што можеме да го унапредуваме и подобруваме…

И кога на сето тоа ќе ги додадеме новиот поглед на живот, благодарноста затоа што сме живи – сега и тука, толеранцијата и одговорноста кои ни ги разбуди новата реалност, тогаш со сета сила можеме да го “гушнеме” секој нов ден и да гледаме напред, наместо назад…

Бидејќи овде сме за непрестано да растеме и да се развиваме, да учиме и еволуираме, а не за да се враќаме на старо…

Сузана обично станува рано наутро, и сега, кога е на одмор со својата ќерка ја зафаќа најубавата и најегозитчната плажа, која е како приватна, само за нив две.

Утрово, таа станала многу рано, но сепак, некој ѝ ја зафатил плажата и таа напишала: Значи денеска имало и поранобудни од нас, ни ја окупирале плажата“.

Сузана беше на одмор во Лефкада со својата помала ќерка Матеа каде што уживуваше во небесното синевина која ја нуди ова прекрасно место.

,,Секој ден во животот нема да биде прекрасен, но мое е да се потрудам во секој еден ден да го дадам најдоброто од себе…

Исто е и со камчињата… На денешната плажа немаме идеални по облик, големина и боја камчиња, но затоа од тоа што имаше направивме 2 цветчиња, едно за Матеа, едно за мене.”

Previous articleСинот на Есма се присети на мајка си на овој важен ден за него и сподели преубав спомен (ФОТО)
Next articleГавазова ја покажа сестра си која ретко ја гледаме во јавност и ѝ напиша посвета ,,за топење”