Home Live Водителката Ели Танасковска замина од Македонија, cрцето ја одведе на другата страна...

Водителката Ели Танасковска замина од Македонија, cрцето ја одведе на другата страна на светот

Ели Танасковска е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации. Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“.

Во едно интервју за „Точка“, Ели зборуваше за себеси и она што ѝ го исполнува времето.

-Сум имала различни занимации и сега дури ми е чудно како сум можела сето тоа да го правам. Од собирање на салфетки, до сликање, пишување поезија, љубовни романи.

Сега немам баш толку слободно време, но можам да кажам дека храната ми е хоби. Кујната е моето царство и таму навистина се чувствувам како кралица.

Сега ќе откријам една тајна. Велат до генот е, да, но и до желбата како сакаш ти да изгледаш.

Промената можеш да ја направиш однвнатре. Треба само силен мотив и промената ќе дојде сигурно. Јас цел живот спортувам, практикувам пилатес секојдневно“, рече новинарката.

Ели за ММС.мк изјави дека нејзината најголема гордост е внуката Изабела, од нејзината постара ќерка Симона, а од неодамна, таа стана баба на уште една внука, Софи.

Ќерката живее во Канада, и Ели е тажна што со внуката не може да се гледа често, но комуницираат редовно, и таа ѝ раскажува приказни онлајн. Ели има уште една ќерка, Леона.

– Толку години, мојата душа е поделена на две. Кога овде изгрева, таму спијат, кога таму заоѓа, јас чекам вибер. На вибер раскажувам приказни, всушност измислувам. Таа заспива со мене.

Понекогаш, враќајќи се од работа знаев да се паркирам и од кола да раскажувам“, рече Ели за ММС.

Додека се подготвува Изабела во градинка , јас сум задолжена за онлајн чување. Измислувам приказни, пееме заедно додека сама си мие заби и се облекува.

Додека го чека татко ѝ, Изабела ми раскажува како поминува во градинка и со другарчињата.

Собрав материјал за неколку книги со вистински раскази и песни за заспивање. Многу ми фалат, многу. Но некако , пресилна е радоста и очекувањето дека скоро ќе се прегрнеме“, раскажала Ели во Женски магазин.

-Јас сум ѝ достапна секогаш. Изабела некогаш ме бара и во 3 изутрина. Никогаш не ѝ велам , спијам! Станувам, палам светло и си играме игри која таа ги сака. Со Симона сум на вибер секој ден по неколку пати.

Таму ми се моите најдобри другарки, пријателки. Ми се јавуваат редовно, се гледаме. Како да се со мене“, додава таа за далечината која не ја спречува да ја одржува блискоста со најмилите.

Од 25 години одам на козметичар еднаш месечно. Тоа не чини многу, окоу 600 денари. Не пушам , не пијам и тоа е моето уживање. Понекогаш, кога ќе пишам како се негувам , читам и негативни коментари , во смисол, премногу ставила хијалурон во јаболчниците.

Посакувам да одговорам, кога бев мала токму заради нив, во училиште ме викаа „ златен делишес“ и јас на сите слики од основно не се смеев , да не ми излезат уште поголем. Но, не можеш да им се допаднеш на сите. И да полемизираш. Варирам со килограмите. Лесно добивам и лесно ги губам.

Ми фали пливањето, зашто тоа тренирав долги години. И секоја прилика на езеро во било ке доба не пропуштам да испливам , добра стаза. Во ова време на губење вредности, наметнување некои нови.

Во глобализација кога се наметнува едно исто да им се допадне на сите. Јас сèуште мислам дека традицијата, семејството, квалитетот и добрината , секогаш ќе бидат правилна патека за среќен живот“, рекла таа во Женски магазин.

Таа откако ѝ се роди внуката се подмлади и сосема го смени својот изглед. Ели раскажа дека кога ќерката си заминала во Канада, и го загубила татко ѝ, тагата ја конпензирала со храна.

Потоа, решила да ја скрати косата и да се ослободи од вишокот на килограми.

„Еден момент се будиш и велиш, промената е во тебе, клучот е во тебе“, изјави Ели.

Водителката денес изгледа поубаво и помладо од било кога, што го докажа со последните свои појавувања на телевизија.

Ели сега си замина од Македонија, во Канада, кај својата ќерка и внуките, каде што има изјавено дека ја води срцето. Таа објави слики од крштевката на својата помала внука Софи од православна црква во Онтарио.

Објави слика со ќерките, но и една во прегратка со својата помала внука, на која Ели изгледа одлично, а многуте пријатели на Фејсбук го честитаа овој убав чин за малата Софи.

Previous articleСе омажи ли Јована од „Сител“? Водителката стави збунувачка слика од плажа: Госпоѓа и господин (ФОТО)
Next articleМаријан: Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш на пазарче,на љуљашки, у Кам, по биртиии…