Home Live Боки Бургија раскажа неверојатна приказна, што направил келнер со 200 илјади марки...

Боки Бургија раскажа неверојатна приказна, што направил келнер со 200 илјади марки кои ги нашол во кафеаната

Од денешен аспект, некои човечки вредности се речиси незамисливи. Ретки се луѓето кои се доблесни и чесни, особено кога се работи за пари.

Токму за овие вредности раскажува во статус на социјалните мрежи, писателот Борче Трајковски, статус кој никого не остави рамнодушен:

„Настанот со Миљаим од Љуботенски пат или поточно коментарите под таа куса сторија, ме вратија назад, најверојатно на почетокот на седумдесетите, кога сите весници осамнаа со наслови за чесниот келнер од Мотел во Лесковац, кој, замислете, пронашол чанта полна со марки, се споменуваше сума од околу 200 илјади марки.

Ја отворил видел што има внатре, ја оставил во шкафчето со гардеробата, чекал да му заврши смената, и, кога дошло време да си замине, а во меѓувреме никој не се јавил да праша дали тука е пронајдена таква и таква чанта, ја земал и ја однел во милициска станица.

Таму ја раскажал приказната, и, тоа на што се сеќавал за гостинот било дека станува збор за странец, транзитен патник за Грција со голема лимузина, плава боја. Марката не ја знаел. Милицијата пишала прашалник до централата во Белград, и за два часа добиле одговор чии се парите.

Странецот уредно ги пријавил на влез во Југославија. Така го пронашле и сопственикот. Тоа што следело после, било следново.

Странецот сакал да го награди и келнерот и милициската станица, но, и тој и милицијата одбиле, со коментар:

“Зошто награда, па тоа е нормално да го направи секој!“

Странецов бил буквално шокиран, изненаден од ова што му се случило, збунето гледал во пронаоѓачиве и се чудел на нивната чесност, ама никако не можел да го разбере коментарот дека, “тоа е нешто што секој би требало да го направи!“

Откако ја раскажал неговата верзија во Германија, приказната се појавила насловните страници со изјави од келнерот и дежурниот милицаец запознаен со овој случај.

Весниците се продавале во неверојатно големи тиражи. Луѓето биле ем зачудени ем одушевени од гестот Дури потоа нашиве ја превземале приказната и ја објавиле…

Мислам дека знам што ќе се случи денес ако некој келнер, или друг обичен човек најде полна чанта со пари. Мислам дека знам. А глејте колку е едноставно објаснувањето на Миљаим и на добрите пронаоѓачи од Лесковац –

“Туѓо си е туѓо, не носи среќа ако го земеш“, односно, “Зошто награда кога тоа е нормално да го направи секој!“ Ех времиња, ех, генерацијо моја…“

Фото: Илустрација

Previous articleСтојанче Ангелов: Професорке Билјана Ванковска – сте објавиле злонамерна, тенденциозна и неточна информација
Next articleОва хумано дело го направија ќерките на Миле Кузмановски за време на пандемијата- секоја чест за Ана и Јана