Home Live Данијела после долго време се oгласи по наводите дека Хана и Грашо...

Данијела после долго време се oгласи по наводите дека Хана и Грашо ја докрајчиле со веста за ќерката на пејачот

Ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ пристигна дома, а гордата мајка Хана го напушти породилното во придружба на нејзината мајка Вјекослава и нејзината сестра, објавија хрватските медиуми.

Хана Хуљиќ се породи на 17 јули и на свет ја донесе малата Алба. Ќерката на Петар Грашо, долга 50 сантиметри и тешка 3150 грама, го добила името по таткото на Петар, Зоран, а детално објаснување дал нејзиниот дедо Тончи Хуљиќ.

Името е изведено од латинскиот збор „албус“ што значи светол, јасен. На италијански Алба значи ,,зора”, па Петар и Хана се одлучиле за ова име во чест на нејзиниот татко Зоран.

Кога на Петар Грашо му се роди ќерката, тој и не беше ни на повидок сето тоа време. Имено, Петар беше на летна турнеја и поради својот настап пропуштил да ги помине првите денови на радост со Хана и Алба, пишува „Story.hr“.

Хана никогаш не криела дека целосно ја разбира работата на Петар и дека неговото отсуство овие денови не и пречи, пишува споменатиот портал.

Инаку, таткото на Хана, Тончи Хуљиќ во едно интервју изјави дека му е лут на зетот затоа што има напорен распоред, а сега Грашо не можел да го пречека бебето со Хана поради обврските.

-Има многу стабилна сопруга која ќе биде таму, Петар е буквално секој ден на настапи, па малку се лутам затоа што нема потреба да работи толку многу – изјави неодамна Хуљиќ.

Хана Хуљиќ и Петар Грашо станаа родители на девојче кое го крстија Алба, а нејзиниот датум на раѓање крие голема тајна. Ќерката на Тончи веќе го напуштила породилното, а многу луѓе дошле до неверојатен заклучок гледајќи го Инстаграмот на Данијела.

Она што е интересно во целата приказна е дека името што го избрала брачната двојка Грашо е токму името што поранешната сопруга на Петар, Данијела Мартиновиќ сакала да му го даде на своето дете.

Имено, таа во 2014 година за ИН Магазин изјави дека најголема желба и е таа и Петар да станат родители и дека разговарале за имињата на децата.

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве навистина се надеваме дека наскоро ќе се радуваме. Синот ќе се вика Тони, тоа го знаеме, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, Алба или Луце – рече тогаш таа и додаде:

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве, навистина се надеваме дека многу брзо ќе се радуваме. Синот ќе се вика Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а ако имаме девојче, имаме две имиња, или Луце, интересно, тие се сосема дијаметрално различни, па можеби луѓето ќе се изненадат.

Луце, бидејќи за мене е далматински, а мојата покојна баба се викаше Луце, но кога го слушнав името Алба, само се возбудив затоа што Алба на италијански значи ,,зора”, исто така ми е двосмислено, убаво и необично, а сепак блиску до нас и различно – изјави Данијела пред осум години.

За се’ да биде уште побизарно, малата Алба е родена на 17 јули, два дена по роденденот на Данијела.

Многумина ова го коментираа како неверојатна случајност и дека Мартиновиќ секоја година на овој датум ќе се сеќава на „бесмилосното предавство“ што и го приредиле Хана и Петар Грашо.

Данијела пред неколку дена објави романтична фотографија на која ужива на зајдисонце и напиша емотивна објава:

– Еден момент ќе биде цел живот… Уживајте во моментот затоа што секој момент е магија – гласи статусот на Даниела во кој можеме да претпоставиме дека и е тешко поради се’ што се случувало во изминатиот период.

Сепак, од друга страна, многумина сè уште шпекулираат дека Данијела и Грашо не требало да бидат заедно и дека пејачот конечно ја нашол среќата покрај младата и убава Хана Хуљиќ со која сега гради семејно гнездо.

Previous articleНашата ептен згодна фолкерка се „тангоса“ во Охрид и доби многу срциња (ФОТО)
Next articleСнеже Велков: Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата, поднамести си го повреденото его, подиспрај си го носот и терај