Home Live Едно нешто било голема неправда за Петранка Костадинова, големата македонска гордост, но...

Едно нешто било голема неправда за Петранка Костадинова, големата македонска гордост, но од скромност никогаш не се жалеше

Петранка Костадинова важеше за една од најдобрите изведувачки на старите народни песни и не без причина го носеше епитетот доајен на македонската народна музика.

Многу песни се испеани во нејзината 35 години долга кариера, а во последно време Костадинова често настапуваше на фестивали каде што се негуваше македонскиот фолклор.

На 3 февруари 2002 година, во приквечерината, народор беше во шок. Познатата пејачка се упокои во сообр аќајна нес реќа во центарот на Скопје.

Пред случката, таа била во МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал “ГОЦЕ ФЕСТ”. Судбина било тоа воедно да е и нејзината последна снимена песна.

Родена е во Сомбор, Република Србија, како дете во семејство на бегалци од Егејска Македонија. Во нејзините детски години семејството прво се сели во Демир Капија, а девојачките години ги минува во Неготино.

Песната ќе ја донесе во Скопје, кадешто формира семејство и има два сина.

Кротката жена со топол глас, со кој знаеше да варира од рафиниран болежлив пискот, до нежно милување на ранети срца, толку типично и толку неизбежно во македонската народна песна, ги испеа најубавите македонски фолк рефрени “Не кажувај либе добра ноќ”, “Кирјана”, “Слушни ја сестро песната”…

Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика.

Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на Наско Џорлев, “Не кажувај либе добра ноќ” и “Во Струмица на улица”, пред речиси триесет и пет години.

Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисер- песни, но како и секој вреден изведувач, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација.

Нејзина песна беше “Кирјана”, иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај”…

Во својата триесетгодишна кариера, Петранка учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, што се создаваа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните:

“Леонид со мајка вечера” од првото “Валандово”, “Мајсторе, мајсторе”, “Две калинки”, “Слушни ја сестро песната”, “Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев- “Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- “Една куќа, две жени”…

Во текот на својата богата пејачка кариера, нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а.

На седумнаесет годи[нината од нејзината загуба, се огласи со пригодно сеќавање и нејзиниот колега и кумашин пејачот Орце Стевковски кој Петранка ја нарече легенда со бисерно грло, жена со големо срце која и како мајка и како човек со бескрајна љубов оставила голема празнина во нивните животи.

Оваа посвета ја заинтригира редакацијата на Свет Австралија па затоа се обратиле и до неговата сопруга Драгица Стевковска Дракче и ја прашале како дојде до кумството со Петранка, а таа читателите ја споделила својата приказна :

– Пред скоро 40 год во мојот град Виница, Петранка Костадинова дојде да гостува во тогашниот “Мотел Парк”. Беше со групата на чицко Наско Џорлев и познатиот Јорго на бузуки..

Јас како ученичка бев во музичката секција и настапував на многу настани па бидејќи потекнувам од музичко семејство и музиката ми е во вените и јас се запознав со Петранка и нејзиниот сопруг Блаже со нивното поголемо синце Иле и помалиот Виктор кој немаше ни полна година…

Во тој период беше со нив и Виданка Георгиевска, а јас бидејќи бев до нив им реков дека денот кога ќе дојде ред да се мажам ќе ги барам едната за кума другата за старосватица….

И дојде и тој ден, 1984 год во месец мај јас се верив со мојот сопруг Орце Стевковски и му кажав за мојата желба..

Но во таа година се упокои сопругот Ване на нашата Виданка и така остана Петранка да ја запрашам. Според обичаите се прашува кршталниот кум на момчето дали ќе сака да го продолжи кумството, па така стариот кум го предаде кумството на својот постар син, а нас ни преостана да бараме втори кум или старосват..

За 2 недели по веридбата јас и Орце отидовме во домот на Петранка и Блаже со балго како што налага обиčајот да побараме кумство, а тие веднаш прифатија и почнаа да пеат па така со песна и радост и кумството бидна…“

Она што е неправда за Петранка, е дека речиси сиот свој живот таа била слободен уметник не вработена во ниту една инстутуција, иако својот живот го заврши како членка на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“.

Но, таа за ништо не се жалела во животот. Била ненаметлива, скромна, приврзана за семејството, иако со својата песна го имаше минато речиси целиот свет, Петранка Костадинова, секогаш се потпирала само на својот неоспорен пејачки талент.

Previous articleОва хумано дело го направија ќерките на Миле Кузмановски за време на пандемијата- секоја чест за Ана и Јана
Next articleМаријана Новачевска од Австралија го покажа домот во Мелбурн и откри дел од својата душа