Home Live Каролина Гочева се повеќе приватно се отвара, раскажа за животот дома со...

Каролина Гочева се повеќе приватно се отвара, раскажа за животот дома со Михаил Корубин

Каролина Гочева, не сака многу да зборува за својот приватен живот во јавноста. Таа во 2017 година се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација- Аеродромот Стенковец.

Токму од еден убав одмор на грчкиот остров Крф, Каролина сподели слики минатата година. Таа и сопругот избрале вила со базен пред која е сликана Каролина во прекрасен бел фустан.

Каролина објави и слика од плажа во бикини, но и од сопругот Михаил, на романтилна вечера, а тој и наздравува со вино.

Неодамна во интервју за Репортер, таа за првпат проговори за разделбата на родителите. Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели.

-Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата.

Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

На почетокот од летово, таа беше на женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. „Секое лето тие неколку дена ми се најубави.

Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажува Каролина.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира.

Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажа Каролина во Репортер.

Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти ако вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

Каролина Гочева во јули месец, одржа величенствен концерт на воениот стадион во Скопје, а публиката супер се забавуваше со нејзините песни, стари и нови. Женски магазин објави дека Каролина рекла дека нема да спие цела ноќ.

-Ова ми беше најубавиот концерт. Сигурно дека вечерва нема да можам да спијам“, рече поп-ѕвездата откако публиката ја врати на бис и сите во еден глас извикуваа „Хипокрит“.

Некои стари песни кои будат радост и возубуда и денес како кога за првпат ги слушнавме, ја направија оваа ноќ магична. А, Каролина е во право. Концерот беше најубав, и за неа и бендот, и за нас.

Интересно е што публиката беше генерациски шарена, па така „Без оглед на сè “, „Знаеш колку вредам“, „Милениум со тебе“, „Ајде да летаме“,

„За нас“, во глас ги пееја и оние кои тогаш биле мали деца, некои тинејџери и средношколци, некои студенти“, објави Женски магазин.

По концертот во Скопје, од кој што беше презадоволна публиката, но и пејачката, Каролина Гочева почна да го најавува концертот во Охрид, кој требашпе да се случи овој четврток:

„Драги мои, После концертот во Скопје, ова лето не би било комплетно доколку не се видиме и под охридското небо!

04 август Касарна, Охрид! Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (15.07) на avalon.mk и ширум нивната продажна мрежа низ Македонија.

Ве чекам сите во Охрид на 4ти август! Ајде да летаме, напиша Каролина, а потоа, во изминатите месец дена, речиси секојдневно потсетуваше за нејзиниот летен настап во Охрид.

Но потоа, Каролина на разочарување на многубројни фанови, објави дека концертот на 4. Август е откажан, поради здравствени причини:

„Драги мои, Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона.

За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен!“

Изминатиот период, ковид бранот во нашата земја е особено засилен. Очигледно не ја одмина ни популарната пејачка.

Иако како што спомеавме погоре, за приватниот живот таа слабо зборува, за свадбата со Михаил, во една приика таа рече:

– Не е точно дека сум криела, за мене секогаш сè се знаело, се знаеле основните работи кои не можеш да ги сокриеш, односно немаш причина да ги сокриеш од јавноста. Сум прочитала многу лаги, нешто што нема врска со вистината.

Но, сум го сфатила тоа како составен дел од мојата работа, и со тек на време веќе и престана да ми пречи“, рече Каролина Гочева во едно интервју за 1ТВ. Потоа новинарката ја праша каква домаќинка е, дали пере, чисти, пегла, а таа одговори:

– Сите тие работи на нас ни се секојдневие. Знам да потфатам по дома, имам помош, меѓутоа сакам да потфатам, во последно време сакам да готвам, немам специјалитет, не сум до толку усовршена, меѓутоа сакам да експериментирам. Правам некои работи кои што ги правам добро, неколку врсти тестенини..

На прашањето, кое јадење на Михаил најмногу му се допаѓа кое таа го готви, Каролина рече дека сè му се допаѓа, мора да му се допаѓа.

Каролина е во брак е со Михаил 5 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати.

И во Репортер, таа открила дека добро се снаоѓа и во кујната и сека готви секој ден. „Не ме држи многу со муабет во студиото, морам да одам ручек да правам“, рекла Каролина.

-Супер е Михо, главно работи… и двајцата имаме доста обврски особоено периодов.

Кога сме слободни сакаме доста време да поминуваме заедно и со нашите пријатели, отсекогаш многу гледаме филмови и серии, многу сакаме да јадеме, па доста готвиме по дома, а и ги посетуваме нашите омилени кафанчиња.

Сега времето е убаво, често и излегуваме, планираме и некое патување“, изјавила во Женски магазин Каролина.

Previous articleНа Орбан му се расипал чамецот, па случаен минувач ги префрлил до брегот и ги однел на ручек (ФОТО)
Next articleСвекрва ми дојде кај нас дома, и од чиста мира го џитна мојот ручек, а оној маж ми уште ја брани