Home Live Миланка Рашиќ ги подбра девојките со вештачки усни- растат во изгубени генерации

Миланка Рашиќ ги подбра девојките со вештачки усни- растат во изгубени генерации

Нашата позната новинарка и ТВ водител Миланка Рашиќ во едно интервју за Точка зборуваше за тоа кои биле нејзините соништа како мала.

– Како мала сонував да бидам писател, многу читав и уживав во имагинарниот свет меѓу кориците на книгите. Имав и дарба за пишување и освоив неколку награди.

Телевизијата ми беше привлечна, но не ни сонував дека еден ден ќе станам ТВ водител и автор.

Задоволна сум од кариерата, направените репортажи, преноси, фестивали, но секако дека секогаш може подобро и повеќе. Идоли немам.

Се восхитувам на жени кои знаат што сакаат и како да дојдат до целта, без да газат преку други луѓе..

-Кога ќе ме видат првпат во живо луѓе кои ме гледале само на телевизија, не можат да се изначудат! Камерата додава килограми и тие очекуваат да сум покрупна и повисока, а јас сум висока 170 см и носам конфекциски број 38!

Во парк кога сум во тренерки и патики, по три пати ме погледнуваат за да се уверат дека сум јас“, рече Миланка.

Кој тип на маж може да го следи твојот животен ритам, ја прашаа потоа, а таа рече: „Интелегентен, реален и амбициозен. Како што вели Кери во „Се . сот и градот“ за Ѕв ерката:

„Сакам маж, не за да ме заузда, туку за да трча крај мене низ животот“.

– Мојата агенција „Миракс“ ги откупува ТВ правата за емитување на Оскарите долго време.

Дури и идејата да отворам фирма дојде од дистрибутерите на Оскарите, кои сакаа да продолжат да соработуваат со мене откако си заминав од Македонската Телевизија“, објасни Миланка во една приликa во Женски магазин.

Женски магазин во една прилика објави дека нејзиниот избор е медитеранска исхрана, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки и житарки.

„Сето ова е посебно добро за здравјето на срцето. Веќе 3 години секој ден го започнувам со топла вода со лимон и сода бикарбона, што е чист Це витамин. Потоа лажиче органски бронхи мед од моите пријатели Кировски кој ми го носат од Кочани.

Пијам доста вода и чаеви во текот на денот, зашто факт е дека хидрирањето е најважно. Мора да му помогнеш на организмот да ги исфрли токсините. Не пијам газирани сокови и не јадам брза храна. Пред некое време го намалив пиењето млеко, зашто немав мерка.

Сите по алкохолот, јас по млекото, ха,ха. Периодов се научив да го контролирам јадењето благо.

Не си забранувам ништо, но ретко пробувам од омилената чоколадна торта. Почесто бирам здрави слатки од урми, ореви и какао. Зашто без слатко, нема живот за мене“, искрена е Миланка.

-Кафе пијам ретко. Мислам дека умереноста во сѐ е најважна. Далеку сум од совршена, но се сакам себеси, убаво ми е во моја кожа, со сите мои добри и лоши страни, искуство и знаење.

Заедно со прочистувањето на телото оди и прочистувањето на умот. Читањето ми е пасија од дете“, изјави Миланка.

Таа го објаснува духот на новото време. „Во свет на Кардашијан, одличните до збор не можат да дојдат. Воспитаните, културни луѓе со манири се истиснати од бучни, површни ликови кои сметаат дека знаат се`.

Застрашувачки е што генерациите што растат со риалити програми се изгубени генерации, изгубена публика за театар, концерти и уметност. Интегритетот, добрината, вистинското пријателство, професионалноста, за жал, се ретки и стануваат подзаборавени вредности“, вели Миланка.

За неа, за почит се луѓето кои се чесни, вредни и си стојат на зборот. Се опкружува со начитани, речити луѓе, со имагинација и смисла за хумор, со кои се разбира во два збора. Едни на други, тие се инспирација за нови хоризонти.

Да се вратиме на природата, при тоа не мислам само на здравата храна. Велам, назад кон природното, едноставното и вистинските вредности. Доста од вештачки усни, насмевки и луѓе. Прегласни, неписмени луѓе насекаде“, објаснува Миланка.

Previous articleПознатиот пејач на Бијело Дугме го сменил името, откриена е тајната приказна која од сите ја криел
Next articleНашата ептен згодна фолкерка се „тангоса“ во Охрид и доби многу срциња (ФОТО)