Home Live Ова хумано дело го направија ќерките на Миле Кузмановски за време на...

Ова хумано дело го направија ќерките на Миле Кузмановски за време на пандемијата- секоја чест за Ана и Јана

Миле Кузмановски е еден од нашите најпознати фолк пејачи, пејач со одличен глас, човек кој знае да направи штиминг на неговите настапи.

Сепак, тој е најпознат по баладите, и некои го нарекуваат кралот на баладите. Најпозната негова песна која е избрана за песна на векот е секако „Не кани ме“, без која не поминува ниту една седенка или прослава.

Но, „Не кани ме“м не е единствениот хит на Миле, ,,Крал без круна”, ,,Роман”, ,,Презиме” и многу други љубовни песни кои ги отпеал во изминатите години, станаа евергрини.

Во една прилика, во интервју за ,,Фокус” пејачот раскажа дека започнал со снимање на материјали кои ќе се најдат на неговиот нов албум.

-Последниот албум ,,Крал без круна” го снимив пред пред околу седум години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат.

Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум.

Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред. Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни.

Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот. Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина – раскажуваше Кузмановски во Фокус пред пандемијата.

Потоа, тој ја промовираше новата песна со наслов ,,Последен воз” и видео спот за истата. Музиката и аранжманот за истата се на Рубин Димкоски, додека пак текстот е на Орце Зафировски.

Кузмановски е татко на три ќерки, близначките Ана и Јана кои се средношколки, и Ева која има четири години. За жал, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко болед ување си замина од овој свет, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.

Миле пред неклку години по втор пат ја најде својата среќа во Јасмина. Миле за својата сопруга рече дека таа неговите ќерки близначки ги сака како да им е мајка.

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа.

Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жал но да го оставам микрофонот“ рече Кузмановски за Бекстејџ.

Таа ме освои со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук.

Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“ вели Кузмановски за Бекстејџ.

„Ана и Јана веќе се тинејџерки, учат средно училиште на медицина. Тие имаат едни барања, малата има други барања, Јасе има други барања. Мислам дека некако се баланираме“ вели пејачот.

Близначките на Миле, Ана и Јана сега имаат 18 години. И двете биле одлични ученички во средното Медицинско училиште. „Тие не ја слушаат мојата музика. Но, веројатно со годините и со зрелоста ќе сфатат дека и оваа музика има вредност.

Знам да им пуштам по некоја моја песна, да кажат, ова е добро или, но тие се техно генерација, слушаат електронска музика“, раскажа пејачот во Женски магазин.

Како жена која повеќе години од својот живот ги посветила на хуманитарната работа, Јасмина Кузмановска вели дека ѝ е драго што нашиот народ е емпатичен и знае да помогне. Таква е приватно и таа, кога ќе си замине од канцеларијата на Црвен крст каде што три години работи, и ќе дојде дома кај најмилите.

Започнувам да работам на еден нов проект, работа во која имам исто така големо работно искуство и се однесува на поддршка на евакуираните авганистански државјани кои престојуваат во нашата земја до нивното заминување во трета земја“, изјави Јасмина во интервју за Женски магазин.

-Нашата авантура, моја и на Миле, а потоа и на Ана и Јана, па и на крај на Ева е несекојдневна, но е успешна.

Живееме во средина каде сѐ уште се верува дека маќеата е лошиот лик од приказните, ние сите одлучивме да покажеме дека тоа не е така и дека можеме искрено да се сакаме и почитуваме, да го градиме домот, заедништвото со многу љубов, разбирање и хармонија.

Кога одлучивме да им соопштиме на Ана и Јана, јас и Миле разговаравме многу, прво јас и тој расчистивме многу работи од самиот почеток. Тој е многу посветен татко и посебно реагира на нив.

Со девојките секогаш отворено разговараме, а исто и со Ева иако е многу мала. Тука како женски лик најголемата улога ја имам јас.Разговараме и за нивната мајка, гледаме често слики и секогаш се потсетуваме на нивни случки, сеќавања.

Поменот за нивната мајка секогаш ќе живее во нашиот дом. Јас не се обидувам да ја заменам нивната мајка, таа е една и единствена, таа улога животна не е заменска.

-Не ми е сеедно кога ќе прочитам некој невкусен коментар, но јас и Миле сме се договриле дека ќе си бидеме поддршка еден на друг во сѐ во животот па така тој притисок го минимизираме.

Јас неговата професија комплетно ја разбирам и се обидувам на секој можен начин да му бидам од помош“, изјавила Кузмановска.

На Фејсбук профилите на Ана и на Јана може да се види дека тие порснале во прекрасни девојки, а оваа година го завршија средното медицинско училиште. Тие се исто така многу поврзани со нивната помала сестра Ева и се грижат за неа.

Она што може да се забележи на Фејсбук кај близначките на Миле Кузмановски е дека се хумани девојки. Тие за цело време додека имаше пунктови за вакцинација биле волонтерки за Црвениот крст.

На Фејсбук профилот на Ана е објавена слика од сите волонтери, таа е означена и пишува: Пункт за масовна вакцинација ,,Борис Трајковски” – Април – Јули 2021 година.

Поминати 4 месеци, односно 100 дена, односно повеќе од 600 часа со цел пандемијата да заврши побрзо и животот да се врати во нормала. Дадено и примено многу енергија, создадени искуства, спомени и познанства за цел живот.

Вакцинирај се со цел да се заштитиш себе си и своите блиски“, стои во објавата на идните докторки.

Previous articleБоки Бургија раскажа неверојатна приказна, што направил келнер со 200 илјади марки кои ги нашол во кафеаната
Next articleЕдно нешто било голема неправда за Петранка Костадинова, големата македонска гордост, но од скромност никогаш не се жалеше