Home Live Снеже Велков: Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата, поднамести си го повреденото...

Снеже Велков: Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата, поднамести си го повреденото его, подиспрај си го носот и терај

„Убавина и здравје“ објави слики од роденденот кој го славеле во убав амбиент, покрај базен, а на сликите што се шерувани на Фејс е и Снеже Велков со нејзиниот сопруг Дарко. Во една прилика, Снеже за Дарко рече:

-Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето. Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед…

Подоцна дознав дека неговото гостување било договорено со мојот тогашен продуцент, бидејќи Дарко ме видел на телевизија и си посакал да му бидам девојка, не било ништо случајно ни судбинско.

Јас за кратко после неговото гостување заминав за Перуџа, Италија, како стипендист на катедрата за италијански јазик и книжевност, престој кој траеше месец дена и тоа беше фин тест за тоа дали може нешто да се случи меѓу нас…

А, признавам имав една одлука додека бев во Италија дали да заминам за Рим или да се вратам во Скопје. Го одбрав Скопје, сè понатаму е приказна која трае веќе 17 години…

Мојот сопруг е темелен, трпелив, детален, тивок, одмерен, умерен со точно утврдени цели. Па секогаш е тука за да го усмери мојот креативен ум и да ме приземји ако фантазиите ме летнат некаде во нереални замисли, да ја искулира мојата лудачка енергија наутро, да ми прости кога заспивам на сериите навечер.

Ама и да разговара со мене во изнаоѓање на решенија во подобрување на нашата заедничка приказна. Јас сум креативна, тој е практичен. Јас кратка и јасна тој темелен и детален. Јас веган тој месојад. Јас ниска тој висок.

Јас плава тој црн. Јас гласна и насмена тој тивок и сериозен. Едниот син личи на него другиот на мене. 50-50 сме, мислам фер е, рече Снеже во Женски магазин за својот сопруг.

Снеже минатата година гостуваше во емисијата „Опуштено со Тони“. Дента кога емисијата се снимала, нејзиот сопруг Дарко славел роденден и таа рекла убави зборови за својот сакан.

-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 15 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади.

Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни.

А, најмногу од се сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, рече Снеже. Додека зборуваше, ја зовладаа емоции очите ѝ се насолзија.

Снеже неодамна одлучи да ја ,,разбуди” храброста кај нејзините читатели кои многу ја поддржаа за тоа што го напиша:

,,Не познавам изврсен фудбалер кој не утнал пенал, ни одличен кошаркар кој не промашил слободно фрлање.

Не познавам ни првак боксер која не доживеал тежок нокдаун. Ни генијален актер кој не утнал улога во филм.

Не познавам ни топ пејач кој не отпеал крш песна ниту одличен водител кој не направил лапсус.

Не познавам и фантастичен бизнисмен кој не направил погрешна инвестиција или изгубил многу пари.

Не познавам ни супер возач на формула кој не изгубил трка а ни супер велосипедист кој бар еднаш не се искршил.

Не познавам големи имиња од било која бранша кои бар еднаш не треснале на земја баш јако.

Па, да си прашам ако на такви големи луѓе им се имаат случено такви с*ања КОЈА СУМ ПА ЈАС ИЛИ КОЈ СИ ПА ТИ ЗА ДА СЕ ТИ ИДЕ КО ПОДМАЧКАНО!?

Станувај!! Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата, поднамести си го повреденото его, подиспрај си го носот подистреси прашината од падот.

Дигај главата и трк во победи

И ич да не му ја мислиш, пак ќе паднеш ама овој пат ќе имаш на што да се потпреш-на искуството од претходните падови. Разваљуј бре!”

Previous articleДанијела после долго време се oгласи по наводите дека Хана и Грашо ја докрајчиле со веста за ќерката на пејачот
Next articleСлавчо Метео од одмор во Хрватска во опуштено издание прогнозираше невреме со големи врнежи