Home Live Еве што ѝ рече Ирена Спировска на Кристина , бившата на Кајмакоски,...

Еве што ѝ рече Ирена Спировска на Кристина , бившата на Кајмакоски, откако објави слика без многу облека

Манекенкана Кристина Димитријевска интензивно ѝ се врати на својата стара работа откако се разведе од пејачот Даниел Кајамкоски со кого има син.

Даниел во 2015 година, се ожени со Кристина. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка. Кристина сними неколку песни, а еда од првите беше амнезија која ја сними заедно со Сплеш Бојан.

И оттогаш и тргна… Како што му тргна нему, на нејзиниот сега веќе бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски, кој некако во исто време во таа 2014 година победи на регионалното музичко талент шоу „Х- фактор“.

Тогашната новогодишна „Балканска мисица 2014“, титулата ја одведе токму до него- момчето со „Х – Фактор“, Даниел Кајмакоски, чија љубов заврши со брак, а недолго потоа и со приниова во новоформираното семејство, синчето Давид!

Брачната идила годинава завршува со разделба на приватните и вкрстување на професионалните патишта. Даниел и се враќа на музиката, Кристина тргнува да му стане конкуренција, во обид покрај манекенската, да направи и музичка кариера!

Пет години подоцна историјата се повторува. И тоа замислете во ист викенд, во кој Даниел Кајмакоски победува во шоуто „Твоето лице звучи познато – (ТЛЗП)“, а сега веќе бившата му сопруга одново станува „Мис на Балканот 2019“… по втор пат, ама овој пат и таа во Белград!

По овој повод, манекенката комплетно го смени имиџот. Ја исфабра косата во потемна, и почна интензивно да вежба, и тоа да го покажува на социјалните мрежи.

Кристина во 2020 година за време на пандемијата освои необична тутула за Мис, Мис карантин.

„Да се биде број 1 е секогаш предизвик. Кога го прочитав своето име не верував, сè додека не ми потврди Мики Црнокрак.

Минатата година бев „Мис Балкан”, а оваа година добив титула на светско ниво.

Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.

Се чини дека таа, откако ѝ се врати на старата љубов, манекенството, процвета. На Инстаграм, рекламирајќи ја својата нова фризура, Кристина напиша: „Доколку правите промена.. тогаш промената нека биде на подобро!!“

Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.

– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постогнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.

Таа на прашањето дали е вљубена рече дека веќе четири години е вљубена во својот син.

„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина претходно во емисијата „Магазин“ на Сител.

На крајот на февруари, синот Давид наполни пет години, и тогаш медиумите пишуваа дека неговиот татко, Даниел Кајмакоски не бил присутен на забавата. Кајмакоски во тоа време беше во Србија каде што во последно време работи и живее.

Кристина во „Бекстејџ“ одговори и на прашањето зошто Даниел не бил присутен на роденденската забава. „Јас сум му и мајка и татко на модето дете. Мислам дека оние што сакаат ќе разберат“, рече таа.

Кристина во последно време е неразделна со диџеј Бобкаис. Зедно се сликаат, заедно одат на настапи, таа ги рекламира неговите настапи како да му е менаџер. Иако многумина мислеа дека се заедно, манекенката ова го демантираше, и рече дека се пријатели.

На новата слика на Инста, Кристина е повторно со Бомбакис, и сликани се на скали. Она што може да се забележи на прва е фустанот на Кристина и шлицот. На сликата, делува како да не носи долна облека.

Нејзината убавина ја поздрави Ирена Спировска, која ја ја коментираше оваа фотографија и до неа напиша: Најзгодната македонка.

Previous articleЗоран Божиновски: Има уште илјадници паразити што не одат на работа, Данела да продолжи со ова што го почна
Next articleКако создадени едне за друг, синот на Тања Кочовска и снаата Моника имаат интересна љубовна приказна