Home Live Како создадени едне за друг, синот на Тања Кочовска и снаата Моника...

Како создадени едне за друг, синот на Тања Кочовска и снаата Моника имаат интересна љубовна приказна

-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух“, рече во едно интервју Тања Кочовска, една од омилените актерки на сите генерации.

Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.

Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски.

Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.

Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму“, изјави нашата позната актерка во едно интервју за https://pluspharma.mk.

– Обично бабите велат: Моето вну­че како глуми, па тоа е го­тово за кај вас во театар. Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј­ ќи сум одличен хирург…во претстава.

Многу луѓе не ја разбираат оваа про­фесија. Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга­ та страна ситуацијата ни е малку тажна. Знаете, од комедија до трагедија има само еден чекор.

Не ве­лам дека кај мене ситу­ ацијата е трагична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе­ то тешко го препознаваат. Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и на­ смеана.

И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен. Сакам да кажам дека оној што од­ брал да го засмејува све­тот, сака од тоа да од­ мори, едноставно да ја врати устата на место“, рече Тања која глуми и во МНТ и во Театарот за деца и младинци.

Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела. Нела а актерка исто како и Тања и Предраг, а Александар се занимава со угостителски бизнис, тоест е сопственик на свој бар.

Тања ја раскажа целата своја љубовна приказна со својот колега Предраг во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.

– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.

Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.

– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.

Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.

И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час.

И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сè ми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат“, раскажа Кочовска.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски. Нела е исто така успешна млада актерка.

„Многу се блиски. Тие не се гледаат секој ден, Александар живее со сопругата, а Нела живее со нас. Меѓутоа не давам да се оддалечат. Ќе направам сè да се борат еден за друг, да се сакаат и почитуваат.

Најпрво меѓусебно и нас да нè почитуваат, а потоа сè околу. Никогаш нема да дозволам да се скараат, особено не за имот“, вели Тања. Сега Александар се занимава со угосителски бизнис, а тоа е сендвич бар кој се вика „Да бе да“.

Тој на својот Фејсбук профил објавил видео каде што евроамбасадорот Дејвид Гир зборува за неговиот бар кој се наоѓа блиску од ЕУ инфо центарот, и вели дека често доаѓа кај него на чорба.

Потоа, Ендровски напишал: Драги Фејсбук пријателциња, повелете на прекрасна и највкусна чорба во градов, приготвена од “златните ми куварски рачиња” Амбасадорот ќе ви каже Кај се наоѓаме.. Изволте у првиот арт сандwич бар во Скопје!

Бесплатна достава до “Брисел”!!! Повелете на највкусната чорба во градот! *Меџикабула или вегански зен од срце за секој џентлмен!“, стои во објавата.

Тања потоа објави дека нејзиниот син, Александар Ендровски се оженил со неговата избраничка Моника Саздовска. Таа до сликата од младенците напишала шеговит коментар: Да бе да, бидна!

Тања Кочовска во мај стана баба. Имено нејзиниот син Александар и снаата Моника добија син кој се вика Јоаким. Да бе дааа, баба. И предраг дедо, Јоаким се роди, напиша Тања на Фејсбук, и објави две многу интересни слики од неа.

Тања објави слика како лежи пред болницата Аџибаден Систина, од среќа што нејзиниот син има потомок, а на другатра слика таа е во костум од претстава. Тања се во животот прави на оригинален начин, па и веста дека стана баба ја соопшти така.

Инаку, Александар и Моника имаат убава љубовна приказна. На нивните Фејсбук профили може да се видат слики од многуте заеднички патувања, и се гледа дека и двајцата се хедонисти и уживаат во секој поминат ден заедно.

Кога Александар ја побарал Моника за жена, тоа го сторил на романтичен начин, на истото место каде што се запознале, а тоа е во еден скопски кафе бар. „Тука ја запознав, тѕка ја побарав“, рече Александар.

Сега и двајцата уживаат во улогата на синот Јоаким кој има три ипол месеци.

Previous articleЕве што ѝ рече Ирена Спировска на Кристина , бившата на Кајмакоски, откако објави слика без многу облека
Next articleЗгодна мајка во краток фустан- ќерката на Сузана Спасовска вака ужива со својата ќерка