Home Live Наум кажа кој му мисли добро а кој лошо и кои луѓе...

Наум кажа кој му мисли добро а кој лошо и кои луѓе треба да ги нема во Македонија

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Наум дал интервју за Женски магазин и таму зборувал на многу теми, за неговиот јубилеј, 35 годишен, за почетоците на кариерата, кога се родила „Има ли песна“, но и за сопругата, децата, како и за внуците.

-Кога се случи “Има ли песна” телефонот не престана да ѕвони сите сакаа да честитаат и да го искажат воодушевувањето. Во домот ретко кога немаше гости.

Јас сепак мислам дека си останав истиот, а популарноста во секој случај годи.

На секаков начин се поддржуваме со Зуица и во избор на песни и во поделба на обврските, како велат и во добро и во лошо“, кажал тој за Зуица а потоа раскажал и за децата и за внуката и внукот од ќерката Анастасија.

Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

-Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

Чувството да се биде дедо е неописливо и само ми жал што немам повеќе време за да уживам со малите Андреа и Лука“, кажал Наум во Женски магазин.

Наум слави 35 години кариера, и одржа концерт во Битола, а треба да одржи и во Охрид каде што ќе му гостуваат неговата сопруга Зуица и зетот Владиир Поповски. За Фокус, тој дал интересна изјава по повод концертите:

– Треба да знаете дека добивам се поголема поддршка од пријателите и тие кои ја сакаат и ценат македонската музика, како мојата, така и на моите гости што ќе пеат заедно со мене утре вечер во Охрид.

Ќе опстане Македонија, како и векови пред нас, а сите вие анти-македонисти, ќе ве нема!

Да живее Македонија – порача музичарот.

Previous articleБрена искрено за Александра Пријовиќ: Многу ми недостига…
Next articleЕдна вечер, дедо ми се втурна во соба кај мене, ми рече викај Брза помош и веднаш падна