Home Live Убави вести за нашинците во Австралија, „Некст тајм“ ги израдува иселениците со...

Убави вести за нашинците во Австралија, „Некст тајм“ ги израдува иселениците со новата објава

– Нашата мајка е супер, голем борец, кој нѐ изнесе на вистински пат. Многу ни помогна од секој аспект“, изјавија близнаците Мартин и Стефан за нивната мајка која го промовираа албумот кој се вика „Мајка“.

Имавме среќа, пред да се појави песната „Ја излези, Ѓурѓо“ да ѝ речеме: „Мамо, веќе ти не ни требаш финасиски. Ние сега ова можеме да го тераме.“

И фала му на Господ што ни даде неколку хитови „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам, бабо“ и сите други што ги издадовме, за да можеме и финасиски да се обезбедиме и да организираме еве и добра промоција, да испечатиме цеде на свој трошок. Да биде сѐ како што треба.

Ова ни е трет албум. И веруваме дека оваа „Мајка“ ќе остане за век и векови – појаснува Стефан за Женски магазин.

Се одржа мини-концерт на кој во живо слушнавме дел од песните што изминатите десетина години со атрактивни спотови ги претставуваа Мартин и Стефан.

Албумот се изработуваше долг период под палка на познатиот македонски композитор и музичар Никола Мицевски, кој исто така беше дел од концертот .

Тој на познати македонски народни, револуционерни песни им даде ново руво, што допре до младата публика во земјава. Доказ затоа беше пеењето заедно со Стефан вчеравечер и бурните аплаузи во такот на музиката.

-Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија.

Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – изјави Стефан Филиповски, вокалот на Некст Тајм кој не ги штедеше убавите зборови за нивната мајка Сузана, а објави Женски магазин.

Браќата од Next Time моментално престојуваа на првиот крак заедно со Андреа и Тинеа.

Среќните и заљубени парови споделија фотографии на социјалните мрежи и покажаа каде го минуваат летниот одмор“, објави Фемина.

А според сликите, станува збор за ептен егзотични места, каде што Стефан и Мартин уживаат со своите сакани, подалеку од јавноста.

Мартин и Стефан открија во интервју за Вистина.мк каде обелоденија како им се исполнија музичките цели за кои велат дека не верувале дека ќе го достигнат тоа ниво.

Сега веќе имаат доста патриотски песни зад себе, и сите се на новиот албум кој се вика „Мајка“ а го промовираа неодамна.

– Најголем фитбек имаме од публиката, со позитивни критики за песните и спотовите што ги создаваме, веруваме дека финансискиот дел ќе си дојде сам со квалитетот на презентираното, искрено важно е да се имаат финансии во нашава работа за да вложиш во следен спот и песна, албум.

Но, не се грижиме за тоа премногу, едноставно немаме некој финансиски повраток во целата кариера. Ќе бидеме среќни ако барем оставиме белег како музичари под ова македонско небо.

Ништо не е тешко ако тоа го правиш од љубов, ако веруваш во себе и со својот тим. Едноставно мора да се размислува поразлично од се останато, да не се плашиш и да работиш напорно за да успееш во својата цел.

Веруваме дека и следната песна што ќе ја објавиме пред албум ќе биде нешто поинакво, како за нас така и за македонските слушатели“, изјавија Некст тајм во Вистина.

„Некст тајм“ одржале концерт во Охрид, заедно со Лозано, а Женски магазин ја пренесе атмосферата од овој настан кој бил во Античкиот театар.

„Некст тајм“ стартуваа тивко со „Јовка кумановка“, па „Крушево абер пристгна“ за на „Слушам кај шумат шумите“ да настане вистинска еуфорија. Се развејаа знамиња, а публиката бурно ги поздрави зборовите на Стефан: Ајде Македонци!

Настапот на близнаците од „Некст тајм“ и нивниот бенд беше и визуелно одлично смислен, слики со родољубиви мотиви се покажуваа на бим додека одеа стиховите на сите добро познати:

Парола имавме: см рт или слобода, за Македонија, земја поробена“. И „Налеј, налеј“ беше дел од нивниот репертоар.

Во моментот кога ја пееше оваа песна, Стефан извика: „Македонија, никогаш поробена“, што создаде уште едно воодушевување кај публиката“, пишува Женски магазин.

Некст тајм на својот официјален Фејсбук профил објавија убави вести за нашинците од Австралија. Имено, Мартин и стефан ќе пеат за нив, и тоа на голема турнеја во 2023, а детали наскоро ќе бидат објавени, како што најавија.

Previous articleЗгодна мајка во краток фустан- ќерката на Сузана Спасовска вака ужива со својата ќерка
Next articleМногу се жртвуваа во Австралија- пријател на Татјана и Новица раскажа вистинска приказна за нашите пејачи