Home Live Згодна мајка во краток фустан- ќерката на Сузана Спасовска вака ужива со...

Згодна мајка во краток фустан- ќерката на Сузана Спасовска вака ужива со својата ќерка

Сузана Спасовска во 2020 година стана баба. Во октомври се породи нејзината ќерка. Среќната баба на својот Фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.

Интересно е šто бебето пристигна на свет на најубавиот христијански празник кога се слави Вербата Надежта и љубовта но како што изјави пејачката името веќе било испланирано од страна на родителите кои не претпоставувале дека датумот ќе се совпадне со некој празник па одлучиле малечката да се вика Клара.

Бебенцето освен баба има и прабаба, тоа е мајката на Сузе која сигурно е уште порадосна и повозбудена како дупла баба, а секако најголемата возбуда и радост ја чувствуваат среќните родители таткото Виктор и мајката Теона.

Многубројната армија на обожаватели на пејачката и посака малата Клара да биде песнпојна како баба и и да го наследи нејзиниот музички ген кој е благословен со вонсериски потенцијал“, објави редакцијата на порталот “Свет-Аустралиа”.

Сузана во интервју за Панацеа.мк зборуваше за тоа како го одржува гласот со години и рече: Мојот рецепт за гласот е:

Не консумирам газирани пијалоци, не пушам цигари, не го оттоварувам гласот со зборување на висок тон, избегнувам задимени простории, не пијам врело, а ни премногу ладно и се што пијам е голтка по голтка“, рече Сузана.

Сузана Спасовска се отвори во интервју за Женски магазин и таму зборуваше за својата ќерка Теона, за својата внука Клара и рече дека таа е среќна кога поминува време со својата внука, но и за својата кариера:

– И оние кои блие пред мене, нашите големи легенди не биле доволно испочитувани во времето во кое живееле. Сите ние не можеме сите награди и признанија да ги добиеме додека сме присутни на земјата, додека живееме, но јас воопшто не се заморувам со тоа.

Мене ми е најважно да оставам материјал, проект, музика зад себе, за да можат другите генерации да видат што сè се работело во едно време. Како ние што сме учеле од нашите легенди, тие ако не ни ги оставеле тие песни на некои носачи на звук, ние немало да можеме даги слушаме, да ги обновуваме да ги пееме денес.

Така и јас сакам да оставам само еден белег во времето во коешто живеам. Како што земам од музиката, така сето тоа повторно го враќам назад, во проектите, значи вложувам , од првиот момент многу вложувам.

Не само што се вложувам себеси како личност, со многу откажувања од многу работи во животот, многу се вложувам себеси, а вложувам и финансиски. Она што јас ќе го земам од музиката, јас повторно го враќам во музиката.

Како што се раѓаме, растеме понатаму, а животот се состои од промени. Ако би можела да се вратам назад веројатно би променила доста работи, коишто сепак би ми олесниле за чекорењето напред.

Сепак, животот е тој којшто не носи само убави работи. Некогаш се случуваат и неубави работи коишто сакаме да ги избришеме, но не можеме да ги избришеме.

Сите тие искушенија, дали приватно или во работата ме направиле посилна, поздржлива, човек којшто верува во иднината, којшто не се откажува така лесно при првиот пад.

Едноставно се чувствувам силна и мудра. А, ако не биле сите тие искушенија, и сите те препреки низ кариерата и низ животот, веројатно оваа Сузана ќе била една поинаква Сузана“, рекла Спасовска а потоа кажала како ѝ е како баба.

– Веројатно како и секоја баба. Прво сум многу среќна, ги сакам сите убави нешта што се случуваат и ја сакам цела таа енергија што се случува помеѓу баба и внука, мене ме прави многу среќна, а гледам дека и нејзе ја прави, бидејќи ние знаеме многу да се смееме, да си играме.

Кога сум со неа, јас се чувствувам како едно големо дете. Се враќам на оние детски радости, на игрите, на смеата, си се гушкаме, си се надополнуваме со енергија.

Секој момент слободен го користам за да го поминам со неа, дури некои работи и откажувам, за да можам да бидам со неа, бидејќи не само што ми ја бара душава, туку станувам премногу среќна кога ја имам таа енергија до мене.

Чувството е необјасниво, чувството може да го знае само една баба. Луѓето околу се шегуваат со мене и ми велат, ти и една супер бабичка, затоа што гледат Клара колку ме сака“, рече Сузана, а потоа зборуваше за својата ќерка.

-Сие ние кога ќе дојдеме во тие години кога треба да имаме семејство, да имаме пород, сите сакаме да биде сето тоа совршено, така и јас сум сакала. Меѓуоа, некогаш е подобро, знаеме дека е подобро, макар и со еден родител да биде детето, но да функционира семејството.

Теона не го почувствувала премногу отсуството на таткото, и едноставно отсекогаш велела дека нејзината мајка е и мајка и татко.

Јас никогаш не сум бранела таа да има комуникација со својот татко, сум била отворена за тоа, сум кажувала дека доколку сака да се види, да се слушне, сето тоа било дозволено.

Не сум сакала да давам никакви забрани. Сето тоа било оставено на неа, таа да си одлучува. Таа одлучила да ја сака својата мајка како да е и мајка и татко“, рекла Сузана Спасовска.

Новите слики на Теона покажуваат дека изгледа фантастично во прегратките на своја ќеркичка и во друштво на сопругот. На една од поновите слики таа е во краток фустан и на високи потпетици. Браво за згодната мајка Теона.

Previous articleКако создадени едне за друг, синот на Тања Кочовска и снаата Моника имаат интересна љубовна приказна
Next articleУбави вести за нашинците во Австралија, „Некст тајм“ ги израдува иселениците со новата објава