Home Live Дац емотивно се сети на својот упокоен пријател Пиже- ова била неговата...

Дац емотивно се сети на својот упокоен пријател Пиже- ова била неговата последна желба

Nа 17 мај, засекогаш си замина еден од најпознатите скопски ликови, Сашо Пижевски Пиже. Прв на Инстаграм објави Игор Џамбазов.

– Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата.

Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“

Потоа Џамбазов објави уште еден пост кој бепше поврзан со Пиже и гласеше: Спиј мирно, брате мој.

Уште еден познат лик од скопје, докторот дерматолог Коста Цветковиќ, кој своја приватна ординација има во скопската населба Аеродром, во ш ок и неверување, објави слики од Пиже.

„Понеделник 13 часот, кај мене во ординација Пиже и Шпана на гости…… не ми се верува дека веќе те нема….. Страшно!!!! Бог да го прости и сочуство до фамилијата“, рече докторот за Пиже, а фотографиите се објавени два дена пред да се упокои тој.

Како голем другар на уште една скопска легенда Горан Атанасов – Зеко, кој беше заедно со Пиже во групата „Хавана бенд“, Пиже се упокои токму на истиот ден кога и Зеко, кој го напушти овој свет на 17 мај, во 2018 година. Последната објава на Пише, беше поврзана токму со Зеко.

– Со Диме и Зеко у Езерце у парк…негде средина на 80-ти… Шо би рекол Ристо Компир година две покасно у Градиште, кај ви е БУШАВИОТ? Ете нека биде сеќавање на тоа убаво време, Диме ем шанкер у Маџо, а пред и после работа си продужуеме заедно.

Летовањето у Градиште 86-та, со фичото на Џовани, Шпана, Зеко и Ја, а Асма со камион ни ги донесе стварите(фрижидер, шпорет и неколку пакети Шток пошто мислевме ќе ни стигнат).

Останавме неколку месеци, ШТОК снема и у Охрид, а еднаш неделно идевме у Скопје да искраме по една шорба, да зееме пари и да купиме шток.. Еве една фотка и КОСИЈАНЕР дур беше Зеко…

Не само со Шпана туку и со други наши блиски скоро секој ден ќе те спомнеме. Фалиш пријатељу фалиш, сеа со Шпана ќе идеме заедно па секој ден праиме припреми и од уста не те вадиме.

Имам една слика коа бевме заедно у Африка, т.е у Тунис, тројцата прв пут…Ти ги глеаш луѓево и викаш, а бе пријатељу па овие црнциве не биле толку црни…сме ја утнале Африката, не отидовме у црната“, стoи во објавата од Пиже.

Со денови, социјалните мрежи беа преполни со преубави зборови и носталгија од неговите познаници и пријатели. Тој си замина на ист ден како и неговиот пријател Зеко, 4 години потоа.

Колку е или бил човек „голем“, најдобро се гледа по зборовите кажани за него од неговите поблиски и подалечни, пријатели, роднини. Познатиот менаџер од девеесеттите, Миодраг Цаиќ, се прости од Пиже:

„Пред два дена се слушнавме на мобилен и се договаравме деновиве да се видиме за емисијата што требаше да се снима да се договориме како ќе изгледа, но вчера вечер се избезумив кога ми јавија што се случило со тебе мојголем другар од младоста Сашо Пижевски Пиже.

Остави ушсте многу недовршени приказни и случки од градов кои ги препричававме и се смевмеме за минатото време. Сега останав сам да се подсетувам како некогаш изгледаше Скопје.

Зеко дргугарот твој и мој вчера та викна да му правиш друштво бидејќи не си му докажал еден музбет пред да си отиде, а ти остана недокажан за сите нас твои другари од младоста со твоите случки и муабети.

Никогаш нема да те заборавам и секогаш ќе зборувам за тебе другарче мое Сашо Пижевски- Кројачот од Панама.

Градот останува пуст уште една градска легенда отиде на патување во вечноста.

Ах Пиже сеуште не можам да верувам дека си отиде без збор да казеш. Сега си во друштво со Ангелите кои те носат на раце како имона на Скопје.

Почивај во мир другар мој Сашо Пижевски Пиже“, напиша Миодраг Цаиќ, познат скопски менаџер.

Актерот Драган Спасов- Дац кој бил добар пријател со Сашо Пижевски- Пиже на Фејсбук денеска се присети на него, на денот кога Пиже требал да го слави својот роденден.

-Ова беше некогаш, а сега си негде и си го славиш роденденот…“, напишал Дац. Инаку, една од последните објави на Пиже на Фејсбук е токму поврзана со неговиот роденден како негова голема желба.

– Шо да кажам за овој спомен. На Скијатос напунив осамнаес години, оние плус 40 ќе ги додадам и роденденот иако не е јубилеен ќе го славам таму, а иначе кај би на друго место на пеколот у Август…

Да нема забуна, ако биде ко шо викам, ко воли нек изволи…ако ми истекне нешто ОК, ако не сосема обичен ден-роденден. Да сме живи и здрави само и ништо више…“, напишал Пиже само еден ден пред да го напушти овој свет.

Previous articleЈанко „Јади Бурек“ објави слика од 1991 година – со две женски околу него, која од која поубава (ФОТО)
Next articleЈа паметите ли згодната манекенка Викторија Јаначковиќ- раскажа зошто се развела и од Англија се вратила во Македонија