Home Live Јанко „Јади Бурек“ објави слика од 1991 година – со две женски...

Јанко „Јади Бурек“ објави слика од 1991 година – со две женски околу него, која од која поубава (ФОТО)

Огромен број луѓе го обожуваат, има и такви кои не го сакаат, но кога еден човек, во својата професија опстојува со децении, несомнено се работи за квалитет, кој публиката го поддржува.

Почна како радио водител, на популарната 103-јка, каде пушташе алтернативна музика, но и ги забавуваше слушателите со разни теми, а легендарни беа преносите на фудбалските натпревари.

Јанко Илковски ги коментираше натпреварите од големите настани, со паролата „имаш слика, гаси тон“. Незаборавни беа тие коментари, при кои често друштво му правеа популарни ликови.

Потоа, Илковски се пресели пред ТВ екраните, со својата прва авторка емисија „Гутенбергова галаксија“, која потоа, се преименува во „Јади бурек“, проект кој Јанко го тера и ден денешен.

Јанко Илкоски неодамна беше гостин во утринската програма на ТВ Сител, и тој со Александар Блажевски зборуваше за своите трансфери во разни телевизии.

Зборуваше и за неговиот култен проект „Имаш слика гаси тон“ на радио, кога Јанко ги коментираше спортските натпревари.

„Ми се оствари сонот. Горан Пандев ја испеа химната, јас се изнарикав“, искоментира Јанко за Македонија на Европско.

Потоа се запраша: Зошто ме нема во ни една реклама?“, а мислеше на рекламките во кои сценариото е спорт.

Јанко раскажа случка, кога помагал за собирање средства за лечење на бол-ни деца. „Сум плачел, сум рикал. Мора некако да ми излезат тие емоции“, раскажа Јанко.

-Ние сме како невропсихијатри, ние сме како психолози, ние ги сослушуваме луѓето. На народот им фали друштво. Им фали муабет. Тоа е емпатија, малку љубов им фали на луѓето“, рече Јанко Илковски.

Родените во шеесеттите, а особено оние во седумдесеттите, го живееја можеби најубавиот ноќен живот во Скопје. Познати се забавите до раните утрински часови, кои почнуваа во популарните кафичи, па потоа се селеа во дискотеките.

Градот беше особено жив во лето, кога најпрво се излегуваше во (најчесто пред) Бони и Ани, Кристијан, Билевар, Тропикана, Пирамида… а потоа се одеше во дискотеките во градскиот парк, Текила, Хавана, Кабрио…

Веројатно прва голема дискотека, во која започнаа забави кои се прераскажуваа не само кај нас, туку и на целиот Балкан, беше дискотеката МНТ, во склоп на Македонскиот народен театар.

Се влегуваше од подземната гаража, имаше огромен надворешен дел, но и внатрешен, со шанкови на повеќе локации, прекрасна дискотека.

Скопјани, кои тогаш беа млади, се сеќаваат дека Јанко Илковски беше ди-џеј во МНТ, но и во други локали. Впрочем така зпочна неговата кариера.

Јанко Илковски, пред неколку дена објави фотографија токму од тие времиња, кога беше диџеј во МНТ, а околу него стојат две прекрасни девојки.

Еве како изгледал Јанко во младоста:

Previous articleПрво ја извиси па потоа речиси ја грабна од дома за да биде негова: Вака Бата Живојиновиќ ја сакаше својата Лула
Next articleДац емотивно се сети на својот упокоен пријател Пиже- ова била неговата последна желба