Home Live Јелена Спенџарска се изјасни за песната на Васко жабата, еве што кажа...

Јелена Спенџарска се изјасни за песната на Васко жабата, еве што кажа на прво слушање

Кога ќе се спомене нејзиното име прва асоцијација е шопингот, токму поради улогата на шопингхоличарка што ја имаше во музичкиот спот „Шоп шопинг“ на Слаткаристика.

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска и приватно гаи пасија кон модата, тенденциите, уличниот стил и се она што се поврзува со модната естетика и креативност, напиша во една прилика Фешнел.

Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали, а што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички.

Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни. Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини.

Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.

-Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми.

Најважно од се е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите. Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене.

Но, и јас сум од оние девојки што се жалат дека немаат што да облечат, сепак кога ќе подразмислам подобро, проблемот никогаш не е во немањето гардероба, туку недостиг на инспирација.

Не ми се допаѓа кога ќе видам девојки со конституција што не дозволува одредени трендовски парчиња како краткиот топ, или пак моментот што се уште се носат силиконски прерамки и пренатрупани циркони како детаљ.

Иако се потпираме на тоа дека се е работа на вкус, но некогаш ова правило едноставно не важи, рече водителката во Фешнел. Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска. На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде. Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“ вели Јелена и открива дали е заљубена.

„Моментално не сум, имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде. Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ вели Спенџарка.

Таа во моментов одмара во Грција и на Инстаграм се пофалија дека била во убава грчка винарија каде што пробала интересни вина и салати и уживала во претсојот.

„На китарата Васко Жабата, тој ште пее мили гости само за вас“! Ако овој стих сте го слушнале деновиве и не ви излегува од главата, верувајте не сте сами.

Вие сте само еден од милионите „жртви“ на целиот Балкан, кои се заразени деновиве од виралниот хит „Комбајна-вршачка“ на бугарскиот ромски „Оркестар Камчија“.

Хитот „Комбајна-вршачка“ е снимен, односно поставен на Јутјуб, уште во 2014 година, и од тогаш има повеќе од 3,3 милиони прегледи, само на оваа мрежа.

Сепак, во „регионален“ поход тргна неодамна, откако по илинденските празници некои македонски блогери го искористија како монтажа за снимките со македонски политичари на празникот.

Оваа песна на искоментира токму Спенџарска на стори на Инста. Таа објави видео на кое вели: На прво слушање: И ја прави фацата како на сликата, што значи дека нашата водителка воопшто не е воодушевена од оваа вирална шега.

Previous articleАко првиот свадбен танц не ни е на ,,Васко жабата” не ја ни женам, Васко Иванов, пејачот на ,,Васко Жабата” откри нови детали
Next articleЕве колку ќе чини новиот автомобил кој ќе се произведува во Тетово