Home Live Орданоски уште ги чува сликите од Агнеса на неговиот профил, ама има...

Орданоски уште ги чува сликите од Агнеса на неговиот профил, ама има уште една убавица до него (ФОТО)

Кај поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски, од почетокот на минатата година година, се случуваше вистинска љубовна драма.

Тој на необичен начин на Фејсбук, со јавен статус објави дека се разведува од својата сопруга Агнеса. Оваа информација, тој ја сподели нарекувајќи на Агнеса „фотошоп барбика“.

Тој рече дека Агнеса се оладила од него оти веќе не е директор. Поводот за објавата беше роденденот на неговата ќерка.

По ова се огласи и Агнеса со изјава за „Фокус“. „Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи!

Таа додала дека со Ордановски се во брак 18 години и проблемите треба да ги решат меѓу нив, цивилизирано, а не јавно.

Се чини дека сега тие и официјално ја завршија својата врска, својот брак, на цивилизиран начин. Роберт Ордановски потоа на социјалните мрежи напиша:

„Конечно заврши повеќемесечната сага… Агнеса Органџиева, ти благодарам за 19те прекрасни години и за принцезите што ми ги роди, ти посакувам се најдобро во животот… А јас, јас продолжувам по својот пат“, напиша Ордановски на социјалните мрежи.

Откако се раздели од Робет Орданоски, поранешниот директор на АЕК, Ангеса Органџиева е една од нашите најпопуларни ифлуенсерки.

Себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.

Агнеса гостуваше во естрадниот магазин Бекстејџ и замина на вечера со новинарот од оваа екипа. Во интервјуто, таа зборуваше за тоа како жените треба да се однесуваат кога се на вечера со маж.

-Кај спротивниот пол, значи многу ми е битно како седи, како се понаша со мене, бидејќи јас стварно си имам барања и очекувања, така сум воспитана од домашните. Со маж седам втор пат, ако знам дека кога ќе ми е празна чашата, ќе ми ја наполни.

Кај нас дома се забранети вулгарни зборови, пц ости, може некој ќе каже дека лажам, ама едноставно кај нас, тоа е забранета тема. Значи, во ниеден случај, не се споменува.

Сепак се трудам, моите родители што ме имаат воспитано да го пренесам тоа и на мооите две ќерки, и мислам дека сум успешна во тоа и умешна“, рече Агнеса, а потоа новинарот ја праша:

Постои ли некое омилено бон тон правило што го практикува кога е на вечера.

-Кога сум на вечера да. Да им пренесам на девојките, посебно на младите, гледам, сакаат да станат дами, ташната значи никогаш не се остава на маса. И сега, на ваква убава храна, ти да ставиш ташна на маса, значи не е во ред.

Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја. Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса. Потоа коментираше дали има џентлмени во Скопје.

-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.

Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.

И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања не. Потоа зборуваше за тоа дали ѝ пречат некои работи кај жените во однесувањето на излегување.

– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.

Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки“

Една од нејзините објави е слика со мајка ѝ, Гордана, на која се гледа дека таа е убава и негувана дама, а Агнеса многу личи на својата мајка.

И Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали.

Една од многуте негови слики на кои е излезен дали со ќерките или со друштво е сликана во популарен скопски клуб, и на неа сосема кратко пишува: Сношти.

На прв поглед, Орданоски изгледа дека е сам на сликата, но зад него ѕирка жена со руса коса, па изгледа дека по Агнеса, тој повторно ужува во друштво на уште една „плавуша“.

Орданоски се уште ги нема избришано сликите од неговата поранешна сопруга Агнеса Органџиева од својот Фејсбук профил. Една посебно паѓа во очи, а Орданоски е сликан со Агнеса и со уште убавица до него.

И таа е „плавуша“ исто како и Агнеса, а станува збор за Марјана Станојковска. Роберт, Агнеса и Маријана се сликани на прослава на Новата година во 2017 година.

Ова не е единствената слика од Агнеса на профилот на Орданоски, и тој за разлика од многумина кои ги бришат сликите од своите поранешни кога ќе се разделет, не го сторил тоа.

Previous articleЕлена Велевска од Прилеп повторно се врати во Охрид каде што живееше со поранешниот маж, еве ја причината
Next articleМи го зеде детето без да ме праша, сакав да ме снема од светот: Познатата пејачка ја отвори душата