Home Live Ова никој не го очекуваше – Антониа ги разочара фановите

Ова никој не го очекуваше – Антониа ги разочара фановите

Во сабота со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Настанот е организација на Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби.

-Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира ,,PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери ,,Peace Forum Dialogue”.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.

Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија- објавено е на страницата на министерството.

Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот.

МАЈК, ФИФИ, Нора Истрефи, Луми Б, КИДА и Ермал Фејзулаху се пејачите кои ќе настапат на фестивалот за кој министерството вели дека се стреми да стане традиционален.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира “PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.

Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.

Вчера министерството објави дека меѓу учесниците ќе биде и македонската пејачка Антониа Гиговска.

Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката ќе зеде учество на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски.

Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира…

Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска.

Previous articleФолкерот Аца Лукас откри тајна која ја молчел со години: Секој пат сакав да ѝ кажам на публиката со солзи во очите на кого ја посветив oваа песна
Next articleПо паштета и патлиџан, во Грција се појавија и ајвар и сиренце туристи – еве како тоа изгледа (ФОТО)