Home Live Овој тажен настан го обележа животот на Мирослав Илиќ, никогаш повеќе не...

Овој тажен настан го обележа животот на Мирослав Илиќ, никогаш повеќе не беше исто по него

Познатиот пејач Мирослав Илиќ зад себе има многу успешна кариера, тој е еден од пејачите со најмногу хитови. Пејачот е остварен на сите полиња, покрај успешната кариера, има семејство, остварен е како сопруг, татко и дедо.

– И јас сум синко мој на залезот. Јас го подготвив сидрото, мојот брод се приближува до последното пристаниште. Но се уште публиката не ми дава да го спуштам сидрото. Тоа сигурно ќе биде и јас во мојата глава немам проблем со тоа.

Против Бог и природата не се може. Но фала му на Господ што се уште можам да настапувам. Многу работи се променија во музиката. Мене ми е жал што не оставивме генерација која ќе се потпре на нас.

Ова што се прави со фолк музиката, не само во Србија, туку и Македонија и целиот Балкан, не е добро за за овие национални држави. Тоа не смее да се изгуби, тоа треба да се негува синко мој. Темелот на тој национален фолк мора да се зачува.

Се помирив со некои факти, кои се такви како што се. Синко мој, знамињата на овие држави кои настанаа од Југославија се вееат на Ист Ривер во ЊуЈорк, пред седиштето на Обединетите нации.

Тоа е факт со која мора да се помириш. А дека ми е жал за таа земја, ми е жал. И жал ми е што се заврши така како што се заврши. Во војна и крв, требаше да биде поинаку“, рекол Мирослав во едно интервју за Музика24, пред негов настап во Битола.

Сепак, има еден тажен настан кој го одбележа неговиот живот.

Имено, мајката на пејачот се упокоила кога тој бил млад, имал 25 години. Неговата мајка го напуштила овој свет на 47-годишна возраст, додека тој бил многу приврзан за неа.

До крајот на животот ќе жали што не дочекала да го види неговиот голем успех. И откако мајка му се разболела, Мирослав сакал да се откаже од пеењето.

“Никогаш не ми било потешко. Ги прок олнав парите, турнејата, кариерата, песната… Дури и се заколнав дека никогаш повеќе нема да земам микрофон.

Се чувствував како песната да ги укр аде последните денови што морав да ги поминам со мојата сакана личност. Кога се вратив од Бугарија и ја видов мајка ми, знаев дека нејзините часови се одбројани“, вели пејачот.

„Таа ми рече: „Синко, песната е твојот живот, лебот на твоите деца. Знај, твојата песна им е потребна на многумина. Ни самите не знаете колкава радост им носите на луѓето кои никогаш не сте ги запознале или виделе.

За мајка ти, која те научи да пееш, тоа е најголема благодарност. Затоа ве молам продолжете ја песната, а јас ќе се излечам со тоа што ќе замислам дека пееш и ги радуваш луѓето.

Вети ми дека ќе продолжиш да пееш за мене се додека те служи грлото и песната. Вака ми рече мојата мајка“, изјави пејачкот за „Хит“.

-Мислам дека ги наследив сите добри квалитети од неа. Ја обожавав, беше многу посветена и грижлива“, вели Мирослав, кој го следел советот на мајка му и продолжил да пее музика по нејзиното заминување:

„Пеев, но имав чувство дека „песната зборува за тага“. Личноста која ме доеше со песна, ме инспирираше со љубов кон родното место, семејството, татковината, Морава, исчезна од мојот живот.

Едвај се опоравив по нејзиното заминување. Пеев тажно, како да вадам емоции од некој заклучен ков чег на тага. Дури и највеселите песни ме потсетуваа на мајка ми“, признал пејачот.

Previous articleВљубени како никогаш досега, новата слика на Катарина и на Перо Антиќ има посебна приказна
Next articleРомантични и вљубени како да се во цутотот на младоста: Еве како Јуле и Баже Маротови ја оджуваат љубовта