Home Live Познатата водителка и писателка Јелена Бачиќ: Моите одрекувања, за да ги сочувам...

Познатата водителка и писателка Јелена Бачиќ: Моите одрекувања, за да ги сочувам бракот и децата од „етикетирања“ беа огромни

Познатата водителка Јелена Бачиќ- Алимпиќ порано беше водителка на разни забавни шоуа, еден од нив е Браво шоу, каде што пречекуваше многу познати личности од светот на естрадата.

Но, таа пред неколку години сосема се повлече од новинарството и од телевизијата и стана писателка на бестселери.

Има напишано десет книги кои ги обожаваат жените од целиот регион. Таа неодамна на Инстаграм се пожали дека има некој килограм вишок и напиша:

– Значи се „збуцав“ како никогаш порано … Секако (без намера да се оправдам), клучна улога тука игра и возраста (нешто повеќе од 52 години), хормо налната нерамнотежа, проблеми со инсу линска резистенција, тирои дна жлезда … Вирусот ме заобиколи. Засега.

Затоа, решив да се вратам на сериозен тренинг и за првпат во животот да применам некоја од милионите диети (се одлучив за автофагија 16/8 – јадам како птица осум часа, гладувам 16 часа).

И сето ова не е заради мојот физички изглед, како што повеќето би помислиле, туку заради мојата психофизичка состојба.

Староста е пред вратата и јас ширум ѝ ја отворам, но сакам да остарам задоволна и среќна. Почнав пред три дена и ќе ве известам за еден месец „ќе видиме дали има некои промени“, напиша Јелена тогаш.

– Секоја моја лична приказна, тажна случка, добро или лошо животно искуство, секако е инспирација за приказна. „Рингишпил“, моето првенче е книга која ја напишав по загубата на мојот татко, затоа што тој сакаше.

А потоа продолжија да се нижат книги од моето срце, од мојот стомак, сите изречени и неизречени желби, надевањa, радости, тага и соништа.

Сите тие се напишани со вистинска, соголена емоција, без задршки, и веројатно поради тоа сите станаа бестселери, затоа што длабоко верувам и го живеам секој збор што ќе го напишам“, изјави таа во Женски магазин.

Таа зборуваше и за тоа зошто престана да се занимава со Тв новинарство и водителство.

-Престанав затоа што телевизиската работа во својата програмска шема почна да воведува бесмислени, понижувачки, а денес толку популарни реални шоуа, и затоа што навистина се изморив. Со години, повеќе од две децении, моите емисии беа во врвот на гледаноста.

Но јас, работејќи ја таа работа станував се понесреќна и понезадоволна. На крајот, тоа се одрази и на моето здравје и тогаш реков: Стоп!

Последната година речиси и воопшто не гледам телевизија, освен некои документарни програми, добри филмови и интересни фудбалски и кошаркарски натпревари, затоа што тоа ме интересира.

Претпоставувам дека и денес, во морето на калта, ќе израсне и понекој клас, во смисла на пристојна ток-шоу програма, но за таква не сум слушнала, ниту сум гледала, па не можам да судам.

Мислам дека гледачите во Македонија имаа можност да изгледаат квалитетна ток-шоу емисија.“, рече таа.

-Зад мене се полни 24 години брак, четвртина век заеднички живот со мојот сопруг, две прекрасни, сега веќе пораснати деца. Моите одрекувања, за да ги сочувам бракот и децата од „етикетирања“ беа огромни.

Никогаш не сум пишувала негативно или злонамерно за јавните личности, ниту сум измислувала, лажела, објавувала невистини, што денес е многу често, речиси секојдневно.

И кога работев ТВ интервјуа и кога поставував „провокативни“ прашања, секогаш се трудев тоа да не ја премине границата на добриот вкус и пристојност.

Исто така, никогаш не злоупо требував ничии деца за да дојдам до не знам каква ексклузива, која како таква, со ништо не може да се оправда, затоа што сум пред сѐ и над сѐ-мајка.“, рече таа.

Водителката и писателка на сите им покажа како изгледа нејзиниот луксузен дом.

Јелена е активна на социјалните мрежи, а на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од нејзиниот луксузен дом кој го одзема здивот.

Јелена не крие дека пријател и помогнал во изборот на мебелот и деталите, а еднобојните завеси, шарените теписи, малите украси на масите и комодите, цвеќињата, како и деталите ја прават внатрешноста на луксузниот дом на славната писателка како од бајка.

Инаку, Јелена е целосно посветена на пишување на романите, и како што истакна порано, не планира да се врати на малите екрани.

Previous articleМи го зеде детето без да ме праша, сакав да ме снема од светот: Познатата пејачка ја отвори душата
Next articleНиколина Пишек објави фотка како весла на даска – во коментар и пишаа: Празник за очи (ФОТО)