Home Live Ако првиот свадбен танц не ни е на ,,Васко жабата” не ја...

Ако првиот свадбен танц не ни е на ,,Васко жабата” не ја ни женам, Васко Иванов, пејачот на ,,Васко Жабата” откри нови детали

„На китарата Васко Жабата, тој ште пее мили гости само за вас“! Ако овој стих сте го слушнале деновиве и не ви излегува од главата, верувајте не сте сами.

Вие сте само еден од милионите „жртви“ на целиот Балкан, кои се заразени деновиве од виралниот хит „Комбајна-вршачка“ на бугарскиот ромски „Оркестар Камчија“.

Хитот „Комбајна-вршачка“ е снимен, односно поставен на Јутјуб, уште во 2014 година, и од тогаш има повеќе од 3,3 милиони прегледи, само на оваа мрежа.

Сепак, во „регионален“ поход тргна неодамна, откако по илинденските празници некои македонски блогери го искористија како монтажа за снимките со македонски политичари на празникот.

Иако нема никаква смисла, песната според мислењето на многумина е интересна и привлечна, поради што не престанува да се зборува за неа.

Многумина беа особено воодушевени од рефренот кој гласи: „На китарата Васко жабата, тој ќе свири драги гости само за вас“, што во превод значи: „Васко жабата е на гитара, ќе свири драги гости, само за вас“.

Сепак, „Васко жабата“ не е единствената ѕвезда која се слуша во последниот период. Излезе уште една слична верзија каде што ритамот е ист, само што текстот е различен: „На микрофон Цеца мецата, таа пее, драги гости, само за вас“.

Тоа беше доволно за некои од обожавателите на песната да направат голем „хајп“, па на социјалните мрежи само зборуваат за тоа.

Некои отидоа чекор подалеку, и направија верзија од самиот рефрен на YouTube, „Васко жабата“ и „Цеца мецата“, во траење од еден час или повеќе.

Бугарската група стана ѕвезда на мемињата на Твитер и другите социјални мрежи, па некои коментираат дека имаат сериозен проблем и не можат да ја извадат песната од глава.

,,Мо-зокот ми е толку yништен што не ми се врти ништо друго во глава, само ритам кој континуирано ја пее „Васко жабата на гитарата“.

Освен Македонците, по рефрените за „Васко жабата“ и „Цеца мецата“ „полудеа“ и на просторите на поранешна Југославија.

Деновиве на работа, дома, по продавници насекаде може да ги слушнеме звуците на песната на бугарскиот бенд „Камчија оркестар“. Нивната песна „Комбајна-вршачка“ преку ноќ стана вирална на интернет во Србија и пошироко.

„Водам сериозни бизнис разговори, а во главата ми се врти „Васко жабата“ – вели друг твитерџија.

„На шала на смеа, ќе ја слушате Васко жабата на свадба сезонава/ Ако првиот свадбен танц не ни е на ‘Васко жабата’ не ја ни женам“ – вели трет твитерџија, додека некои велат дека оваа песна го обединила Балканот.

Друг твитерџија вели:

-Се заразив.

-Со кор она?

-Не, со Васко Жабата.

Се започна за Илинден, кога на социјалните мрежи се појави првиот видео запис од прославата во Крушево но со едитирана музика во позадина објавен од Бетмен, кој за кратко време стана вирален.

Песната, всушност е реклама на оркестарот Камчија за самиот себе, си го претставува својот гитарист Васко, односно „китарист“ (иако во видеото не може да се види гитара) со прекар Жабата, и пејачката Цеца, наречена Мецата (Мечката) и ветува добра забава, „цигански“ чочеци, народни песни и ора „само за вас“.

Борис Иванов, клавијатуристот на овој бенд кој наеднаш стана хит кај нас, за Курир вели дека е свесен за популарноста што нивната песна ја стекнала во Србија.

– Да, знам дека песната стана многу популарна. Планираме и повторно да снимиме во нов аранжман – рече тој.

Иванов додаде дека ја обожава српската музика, особено песните на Драгана Мирковиќ.

Зборовите на песната „На китарата Васко жабата, тој ќе свири драги гости само за вас“ – во превод значи: „Васко жабата е на гитара, ќе свири, драги гости, само за вас“.

Previous articleРомантични и вљубени како да се во цутотот на младоста: Еве како Јуле и Баже Маротови ја оджуваат љубовта
Next articleЈелена Спенџарска се изјасни за песната на Васко жабата, еве што кажа на прво слушање