Home Live Kсенија Николова: Процесот пред да дојдеме до првото ин витро, беше ,,песна”,...

Kсенија Николова: Процесот пред да дојдеме до првото ин витро, беше ,,песна”, споредувајќи со она што следеше после тоа

Писателката Ксенија Николива е една од најпопуларните и најцитираните јавни личнсти кај нас, на социјалните мрежи. Ксенија на Инстаграм отворено зборуваше за нејзината борба за мајчинство.

-Јас навистина кога ја споделив мојата приказна, всушност не кажав никакви детали, само сакав да упатам поддршка до сите нас кои поминуваме низ ова.

Јас сум уште во процесот, се’ уште ми е многу свежо, не сум го надминала, ниту победила. Сметав дека не сум доволно силна да зборувам на темава, но потоа размислив и сфатив дека за оваа тема треба да се зборува и треба да се охрабрам да го направам тоа од што најмногу се плашам.

Од она кое е многу свежо и многу ме боли и засега, дури и тогаш кога мислам дека ќе се реализирам како мајка, ако се случи, пак ќе ме засега и целиот живот мој ќе остане од ова еден белег на мојата душа, на моето здравје ментално и физичко.

Морам да кажам дека ИВФ процесот е нешто најтешко што сум искусила во својот живот.

Верувам делка сум искусила доста работи од смисла на потешкотии, проблеми и неочекувани ситуации, но овие работи постојано мислиме дека им се случуваат на други луѓе, но всушност и те како можат да се случат секому.

Многу е чуден процесот како одеднаш треба да се позанимаваш со таа тема и како од еден доктортски преглед, животот ти се претвора низ чекање во чекални постојано и низа, низа прегледи,

за на крај да се дојде до нешто конкретно и пак да не се најде одговорот затоа што, ова е една таква сложена ситуација, што многу често ни докторите немаат одговор и јас тоа го разбирам.

Оваа сложена ситуација е божја работа, секогаш медицината оди до некаде, а потоа оди Бог.

Тука е најтешкиот момент, останува на тоа да се опуштиме и веруваме, а тоа тешко му оди на човек што е повреден и разочаран, му оди навистина тешко.

-Процесот пред да дојдеме до првото ин витро, беше ,,песна”, споредувајќи со она што следеше после тоа. Се обидуваш, се обидуваш, правиш неколку инсеминации, кои се ништо во споредба со ин витрото и после сфаќаш дека си случај кој што треба да се третира со ,,ин витро”.

Се надеваш дека ќе биде од прва, а тоа е многу слатко, наивно и искрено. Јас сметав дека сега ќе биде, кога ќе добиеш негативен резултат после првото ,,ин витро”, тогаш се надеваш, и велиш ретко каде и кога и што бива од прва и пробуваш пак, и пак не бива од втор пат.

Океј, два неуспешни обиди имаш позади себе, но не се предаваме, одиме пак. Стигнуваш до трета цифра на неуспешни обиди и сфаќаш дека веќе ги претркуваш луѓето со кои си делел мислење и искуства на темата затоа што веќе имаш цифра позади себе на неуспешни обиди.

-Она што го поминува жената ментално и физички е неспоредливо и мислам дека никогаш никој не може да го разбере никој освен жената. 99% од товарот е на жената.

Се’, се’, е ставено на таа една личност, и затоа понекогаш сум многу лута и помалку гневна, кога некој ќе ми каже ,,треба повеќе да се обидеш” или ,,треба посилно повеќе да веруваш”, незнаејќи дека тоа е всушност мојот максимум.

Од каде тоа право да се помисли дека јас не се трудам или не верувам доволно? Од каде дека имам акумулирано сила која јас не ја искористувам?

Луѓето не знаат, ниту јас не сум знаела кога некој мој близок поминувал низ ова, не сум знаела како да го утешам и што да кажам, луѓето немаат престава колку е тешко.

А притоа животот продолжува понатаму, треба да продолжиш понатаму и да функционираш, да ги завршиш секојдневните обврски, работните обврски, да останеш една среќна личност што ќе најде среќа и радост во други работи, што мислам дека јас одлично го правам тоа.

-Предизвикот за една двојка да го изврши овој пат е голем. Многу двојки се разделиле, поради оваа битка, затоа што на крајот на денот невозможно е да не се случи гнев, расправија, тензија, нервоза која што доаѓа од толку се’ што е тешко и зошто на другите се’ што им оди толку лесно, нас ни оди толку тешко?

Тука е трикот да се остане силен и да се остане во баланс, затоа нема никој никогаш да осудам кој што се разделил поради ова, затоа што навистина се гледате еден со друг, ги гледате своите личности, маани и доблести и поддршката која ја има или ја нема се гледа во вакви ситуации и сфаќате дали сте тим или сте само двајца.

Previous articleОтец Пимен раскажа како пред 25 години сè почнало
Next articleПејачката Сани кажа дека понекогаш си зборува сама со себе, а потоа гордо откри зошто тоа го прави