Home Live Нашиот познат пејач ја покажа жената која ја нарече негова кралица, ова...

Нашиот познат пејач ја покажа жената која ја нарече негова кралица, ова е нивната приказна

Нашиот познат пејач и компизтор од Битола, Димитар Андоновски беше доста активен на музички план минатата година, а активен е и сега. Тој зборуваше за својот нов музички проект „Надеж“.

Надеж-(Hope) е музички проект кој започнав да го работам од неодамна за мое лично задоволство. Инспириран од ситуацијата во која се наоѓаме, вишокот слободно време го искористив да се посветам и да почнам да го реализирам.

Се работи за обемен и долг проект, процес на кој му треба време, но се надевам дека еден ден ќе го чујам на голема сцена со голем број солисти како музичко сценски перформанс.Затоа решив да споделам дел од музиката и со вас.

Текст за Надежта го напиша мојата Maja Andonovska Ilijevski сестра, а мојот другар Sergej Svetozarevсе погрижи за видеото. Ним им сум бескрајно благодарен бидејќи вака делото го добива комплетниот сјај.

Ако ви се допаѓа – споделувајте, направете Subscribe на мојот нов канал на Youtube каде што ќе ги слушате сите новости и музички теми околу овој проект“, напиша тој минатата година.

Во еден период од својот живот, тој се има вработено по нешто што не му е струка, но како што рече за Фактор, Андоновски во тој период се вработи за да си ја обезбеди иднината, а стануваше збор за една наша многу позната компанија.

– Се вработив за да ја обезбедам иднината, моја и на моето семејство, бидејќи со музиката тоа никој не може да ми го гарантира.

Работам во „Жито Лукс“, комерција и набљудување на дистрибутерите и дистрибуцијата за регионот: Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар“, изјави пејачот.

Димитар сега е сопственик на ноќен клуб во Битола, и таму доаѓаат многу познати пејачи од македонската и од балксната естрада. Неодамна, беше на пример Наташа Беквалац.

Тоа на Фејсбук го објави познатиот пејач, кој е битолчанец и сопственик на клубот каде што убавата Ната пеела.

Па така, Димитар објави слика од него и од убавата Ната Беквалац, како се насмеани, а на неа очигледно ѝ се заарнило во Битола, па го гушнала Андоновски за да позира со него.

-„Голд Фелициа“ е местото што во последнава година буквално стана мојот втор дом. Јас сум менаџер на целиот комплекс, но и како уметнички директор ја водам целата уметничката концертна програма како и кабаре шоуто.

Секој викенд учествуваат над 40 Македонски уметници, пејачи, танчари, глумци, кореографи, костимографи. Овој проект, кабаре шоуто привлече големо внимание ширум Македонија но и пошироко и стана белег на самиот објект.

Во изминатата година, секој четврток настапуваат екслузивни естрадни музички имиња од македонската и екс југословенската естрада.

Би ги издвоил Каролина Гочева, ДНК, Владо Јаневски, Лозано, „Нокаут“, Игор Џамбазов од македонската сцена како и Лепа Брена, Ацо Пеовиќ, Саша Матиќ, Саша Ковачевиќ, Јелена Карлеуша, Јелена Томашевиќ, Наташа Беквалац, Џенан Лончаревиќ, Сергеј Ќетковиќ, Аца Лукас и многу други кои имаа свој концерт. На 1 август, концерт ќе одржи Здравко Чолиќ.

Лепа Брена е ѕвезда која што сè уште ја ужива својата популарност и слава.Таа е голем професионалец и така и се однесува и во јавноста. Не е случајно тоа што години беше женска музичка икона на југослвенските простори“, рекол Димитар.

Димитар освен што добро му оди на професионален план, ретко споделува и моменти од својот приватен живот, односно од неговата сопруга.

Димитар со сопругата Христина и со синот Михаил, кој во февруари наполни четири година живее вo Битола. За него, ова е прво официјално вработување.

Токму Димитар направи едно од најспектакуларните запросувања кај нас. Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет и пол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.

Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна.

„Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов. Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“, рече тој за сопругата кога таа го славеше својот роденден.

Димитар има одлична причина да биде среќен и да слави, а причината е што тој потоа стана татко на уште еден син кој се вика Гаврил, па сега нивното семејстство е комплетно, со 4 члена.

Пред некое време, Димитар ја покажа сопругата и за неа напиша дека е негова кралица.

,,With my Quenn”, пишува на сликата на која Димитар и сопругата се свечено облечени и изгледаат одлично, особено неговата сопруга.

Previous articleПејачката Сани кажа дека понекогаш си зборува сама со себе, а потоа гордо откри зошто тоа го прави
Next articleЕве како Вера ги поздравува гледачите на ,,Здраво, Македонијо”, со фустанче, голи нозе и занесна насмевка (ФОТО)