Home Live Ова се случи на свадба во Делчево- кога Влатко Миладиновски пее, се...

Ова се случи на свадба во Делчево- кога Влатко Миладиновски пее, се е можно (ВИДЕО)

Еден од најпознатите и најбараните македонски пејачи Влатко Миладиноски, во интервју за ИН ТВ проговори за тоа како се справувал со корона кризата за време на пандемијата, но и на многу други теми.

-Пеењето е наше секојдневие. Јас не милувам да кажам дека тоа ни е работа, бидејќи музиката не може да биде работа, музиката е уметност, но сепак е некој начин на кој што ние функционираме и секако дека од едно секојдневие се префрливме во сосема друго, како што кажав на почетокот доста ни годеше, одморивме од сите тие патувања кои ги имавме.

Но, сега почна веќе да ни недостасува дружбата со колегите, дружбата пред се и најважно со публиката. Се надеваме дека што поскоро ќе се вратиме таму каде што бевме.-додаде Влатко за гледачите на ИН ТВ во 2020 година.

Дамјан Стојаноски, синот на легендата Војо стојаноски, а инаку братучед на Влатко во емисијата „Магазин“ на Сител раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци.

„Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Објасни дека младите од неговиот, кичевски крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

По повод роденденот на Војо преед неколку месеци, на социјалните мрежи се огласи неговит внук Влатко Миладиновски, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук..

Братучедот на Дамјан а внук на Војо, Влатко пред неколку месеци стана татко на уште една ќерка. Со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (4) а од пред Велигден ја добија и малата Андреа.

-Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа и што велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите“, изјави Влатко за ММС.мк.

-Никогаш не сум бил неодговрен, но сега сум дупло од тоа. Ми се исполни сонот да имам две ќерки. Навистина сум слушнал и јас дека велат дека ќерките за родителите се грижат повеќе, но не знам и не можам тоа сега да го кажам.

Нека пораснат, па ке видиме дали е така“, изјавил Влатко. Влатко и Кристина се по потекло од Кичево, но судбината сакала двајцата кичевчани да се запознаат во Охрид.

-Да, малку интересно што и двајцата сме од Кичево а се запонавме во Охрид. Заедно бевме неколку години, а веќе од 2016 сме во брак.

Бракот не ми го смени многу животот, бидејќи Кристина има разбирање за мојата работа3, додал тој за сопругата.

Влатко објави слика со кралот Ферус Муставов, во опуштена дружба, а во нивно друштво е и Златко, неговиот брат. Браво браќа, се едни од најчестите коментари што ги добиваа за сликата, а Влатко објави и интересно видео претходно.

Заедно со Ѓоко Танески и со Мартин, еден од браќата од „Некст тајм“, тој ја пее песната „Лихнида кајче веслаше“, но и „Ја излези Ѓурѓо“, и тоа во неговиот крај, во Кичево. На настапот со нив е и Ѓоко Танески, пејачот од Охрид.

Влатко објави видео од свадба во Делчево, на која тој пеел, а претходно пеела на свадба во Дебар. „Вака влегуваат деверите во Делчево“, напишал Влатко до ова видео, на кое се гледа каков џумбуш настанува кога тој пее, и каква интересна традиција имаат делчевските девери.

Previous articleЈа снема кога беше најпозната, се разведе и многу тешко го роди синот: Каде е сега убавата Неда од познатата српска серија која беше хит во Македонија
Next articleЃоко Јовиќ ѝ посвети емотивна порака на својата сопруга Ивана и ја нарече ,,Убавица”, еве што слават (ФОТО)