Home Live Пејачката Сани кажа дека понекогаш си зборува сама со себе, а потоа...

Пејачката Сани кажа дека понекогаш си зборува сама со себе, а потоа гордо откри зошто тоа го прави

Сања Сани Гроздановдска за Бекстејџ потврди дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски. „Нешто што не го бива, боље да се прекине на време како велат- боље спречити него лечити.

Јас сум од тие што не сака да пие лекови и такви ствари, и затоа спречив на време. Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да не разделат. Меѓутоа нема врска, животот продолжува понатаму“, рече Сани во Бекстејџ но како да сакаше да ги задржи солзите.

Потоа, водителот ја праша: Како си сега, ова ти е втор пат, а таа рече: Сега сум топ, у топ форма, у најјаката форма од цел мој живот.

Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со се. Јас се спремам за третиот ти си запнал со тие два брака- му рече Сани на водителот.

Сани знае да направи атмосфера за памтење, па затоа сите ја бараат. Минатиот месец, Сани на својот Инстаграм сподели серија од фотографии дека заминува во Австралија.

Таа изгледа многу среќна на фотографиите, а и како не би била. За естрадните уметници Австралија е омилена дестинација, каде освен добар провод, имаат и добра заработка.

Со оглед на тоа што Сани е една од најпопуларните македонски фолк пејачки, нашинците во Австралија уживале, во нејзиниот глас, а богами и стас!

Татјана Лазаревсјка објави снимки и слики како кај неа и кај Новица дома, во Мелбурн си правела пижама парти, На сликите се и Маријана Новачевска и Сани Гроздановска.

Но Сани, на сликите не носи пижами, туку хеланки и кратка маица. Без оглед што во Австралија е зима, Сани е облечена како среде лето.

Имено, сите ја знаат Сани дека е многу забавна и често знае да се шегува со нејзините следбеници. Таа во една прилика истакна дека ќе се мажи по третпат, што всушност не беше вистина, туку само сакаше да покаже накит од една наша продавница.

Имено, на тој начин на сите им го привлече вниманието, а кога беше во Австралија тоа го направи пак. Сани објави фотографија како се бакнува со статуа од мајмун, па додаде во описот: ,,Во врска”.

Трајче Толевски, другарот на Сани од групата Скопски боеми, објави видео во кое Сани му меша, а на снимката, таа е облечена како „трбушна плесачица“.

Додека Сани меша, а Трајче меша со неа, тој напишал интересен наслов до ова видео.

Имено, Трајче, кој е познат по својот хумор, и е секогаш подготвен за добра забава, напишал: Плесна група Бардовци.

Таа зборуваше и за фолкерот Аца Лукас, но и за тоа дали има направено естетски корекции.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше.

Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.

Во интервјуто таа вели дека до сега нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но во блиска иднина има план да направи корекција на устата.

Сани Гроздановска го смени својот имиџ, а сега изгледа подобро од било кога. Секој пат кога ќе објави нова фотографија, Сани е се поубава и позгодна.

Сани има традиција, пред или после настапите кои ги има речиси секоја втора вечер да објави слика од нејзиниот изглед. Тоа го направи и сега, а многумина останаа воодушевени за комбинацијата која Сани ја одбра.

Сани облече кратко фустанче кое во преден план ги истакна нејзините долги нозе, но интересно е тоа што фустанчето имаше корсет кој и го затега струкот, па нашата асоцијација беше дека идејата на Сани е одлична и потсетува на Викторинската ера.

Сани практикува да си ја одржува својата линија со пешачење навечер заедно со нејзините ќерки. Таа вчера вечер објави интересна работа што често си ја прави, па сега реши да ја открие на нејзините фанови. Имено, Сани откри дека си зборува сама со себе и зошто тоа го прави:

,,Па што ако некогаш си зборам сама со себе и мене ми треба совет од стручњак,” напиша Сани на селфито кое го објави.

Previous articleKсенија Николова: Процесот пред да дојдеме до првото ин витро, беше ,,песна”, споредувајќи со она што следеше после тоа
Next articleНашиот познат пејач ја покажа жената која ја нарече негова кралица, ова е нивната приказна