Home Live Постелнината не беше сменета од претходните гости кои беа во истиот хотел,...

Постелнината не беше сменета од претходните гости кои беа во истиот хотел, мравки насекаде, спиевме на пешкири место на чаршафи- Виолета сподели за свокот најлош одмор во Грција

Една твитерџика, која, судејќи по името на нејзиниот профил е од Црна Гора, објави фотографија на која се гледа „основната опрема“ на едни „парадајз туристи“ и со тоа предизвика лавина од коментари на социјалнуте мрежи.

На фотографијата се гледа парче леб, исечен домат и паштета на крпа со поглед на море.

„Сезоната започна“, напиша таа со емотикони од смеа до солзи.

Како што можеше да се очекува, на нејзина сметка почнаа низа остри коментари и навреди, но и на сметка на сместувањето и гостопримството во Црна Гора (се смета дека фотката е од Црна Гора), а многумина истакнаа дека на плажа нема ништо послатко од паштета и домати.

„Кога си мал и никаков, а животот ти е неостварен, па ставаш туѓи фотографии само за да сееш омраза. Какви се овие комплекси? Дали се лечат?“ „А смешно е кога некој нема пари, тоа ли?”

„Која година е ова точно? А каде е точно? Бидејќи фотографијата е постара од твојата кариера на Твитер и нема никаква врска со нашето крајбрежје,

Многу ме интересира што јадеш ти?, -ова се само дел од некои од многуте коментари под објавата.

Во популарната група „Live from Greece“ една жена ја прокоментира оваа фотографија и симболично напиша:

Јас сум жената што јаде сендвичи со паштета и домати на плажа, а објасни и зошто.

„Да чекав да имам пари за да летувам во „Риц“, веројатно немаше да отидам никаде.

Да чекав да имам доволно пари за јадење во ресторан во текот на целиот одмор, никогаш немаше да отидам никаде.

Да не гледав како да заштедам пари, никогаш немаше да отидам никаде.

Ако не правев компромиси и не одвојував приоритети, никогаш не би отишле никаде.

И сега кога не мораме – подготвуваме едноставни оброци за патувањата. Си носиме сендвичи на турите. Ние носиме храна дури и во авион.

Ги следиме цените на билетите со месеци за да патуваме што е можно поевтино. Ја вклучиме машината за перење ако ја имаме во сместувањето.

Одиме во супермаркет. Одиме на пазар. Користиме јавен превоз. Јадеме на улица. Јадеме на клупа пред продавница.

Не плаќаме лежалки и чадори ако имаме крпа и палма.

И тоа не не прави несреќни – напротив, уживаме во секој момент затоа што не ни е грижа како нè гледа некој Перо од Инста, кој никогаш нема да оди никаде затоа што му требаат посебни услови кои навистина не може да си ги дозволи.“

Ова го изјави жената во својата објава во групата и предизвика лавина од позитивни коментари.

Една од поновите објави во познатата група Live from Greece ги вознемири оние кои ја следат оваа група, откако Виолета од Србија објави колку лошо си поминала во Платаманона, во областа Пиериа во Грција.

– Поздрав до сите. Поминавме 5 многу непријатни денови во „Olympion Melathron Villas“, Платамон во бунгалов. Имавме мравки на мебелот, како и во креветите.

Постелнината како да не беше сменета од претходните гости кога влеговме во собата. Останаа некои работи од гостите, кои беа пред нас. Добивме само крпи за две лица, и покрај тоашто бевме четворица.

Кога им кажавме дека имаме мравки и дека постелнината не е сменета, тие само испрскаа от ров од мравки пред нас, а ние не добивме друга соба. Моравме да спиеме во таа соба дури и ако јас и ќерка ми имаме астма. Спиевме на крпи, бидејќи чаршафите првпат се сменија на 4-тиот ден…

Значи, никогаш не сме имале погрдо искуство во Грција. Многу тажно. Во бањата немаше завеса, па моравме сами да ја собереме водата од подот и да ја исчистиме. Никогаш не би го препорачала овој хотел на никого…“, стои во објавата.

– Искрено, изненаден сум што станот беше толку валкан… Претстојувавме кај нив 2018, 2019 и 2021… секогаш спомнуваа чистота, дружељубивост и храна… но во 2021 година веќе забележавме дека нема инвестиција во бунгаловите воопшто и тоа навистина ни пречеше.

Никогаш не било вака, пристојно беше за парите што ги плативме… 2018-700€, 2019-750€ и 2021-800€ полупансион за жена ми, ќерка ми и мене.

Оваа година, штом одговорот на мејлот за цената оваа година започна со „Господин Бранко, се е качено…цените на храната…“ Знаев што следува…

Ни бараа 110 € дневно за полупансион за тројцата, што според мене искрено не вреди… Ова не се вили туку поранешни бунгалови од хотелот до нив, Platamon Resort…

Изгледа оваа година ја завршија зградата до хотелот, која со години беше недовршена, па таму им отишле парите, што секако не е изговор за неинвестирање во други згради…“, стои во еден коментар под оваа објава.

Previous articleСлабо бакшиш во евра, сега и денари вршат работа- Дамјан Стојаноски покажа колку го почастиле на свадба
Next articleОвој стих ѝ донесе на Марина Туцаковиќ 100 илјади евра, толку заработила упокената авторка за само 5 збора